29-годишен Кумановец држел големо количество забрането оружје во канал кај Арачиново
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега непознати лица, во канал покрај локалниот пат меѓу селата Орланци и Никуштак криеле поголемо количество огнено оружје и муниција. Полицијата, на 18 декември, покрај коловозната лента до пластичен столб за светлосна сигнализација означен со лименка, пронашла пушкомитралез, десетина автоматски пушки, …
Continue Reading
Аморим: Мораме да бидеме искрени, можеме да испаднеме од Премиер лигата
Фудбалерите на Манчестер јунајтед, синоќа загубија од Њукасл на „Олд Трафорд“ со 2:0. Во најинтересниот натпревар од премиерлигашката вечер, Њукасл по само 20 минути фудбал имаше водство од 2-0, благодарение на головите на Александар Исак и Жоелингтон. Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се обиде брзо да реагира, направи измена по 30 минути игра, на местото на Зиркзе влезе Коби …
Continue Reading
Сеул: Северна Кореја гради фрегата тешка 4.000 тони како надградба за нуклеарен арсенал
Северна Кореја започна со изградба на фрегата тешка 4.000 тони опремена со вертикален систем за лансирање како дел од надградбата на нејзиниот нуклеарен и ракетен арсенал, тврди војската на Јужна Кореја. Соопштението на јужнокорејската војска беше објавено еден ден откако државните медиуми во Пјонгјанг објавија фотографии од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во посета на бродоградилиште каде се гради нов воен …
Continue Reading
Ким Џонг Ун: 2025 година ќе биде „година на голема победа за руската армија и народ“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска во својата новогодишна честитка до рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северна Кореја е подготвена да продолжи со развојот на заеднички проекти „кои ќе придонесат за мирот и просперитетот на двете нации“. Ким, исто така, изрази уверување дека 2025 година ќе биде „година на голема победа за руската армија и народ“. Севернокорејскиот лидер истакна …
Continue Reading
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност
Времето денеска со ведро и студено утро, со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје утрото ќе биде ведро и студено со појава на …
Continue Reading