ДУИ: Првиот премиер Албанец во Северна Македонија е момент кој ја одбележа 2024 година

„Додека стоиме на прагот на новата година, важно е да размислиме за патувањето низ 2024 година — година што започна со историскиот избор на првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија, момент што ги исполни срцата на сите Албанци со гордост. Оваа победа не беше само политичка; тоа беше победа на каузата дека Албанците се рамноправни членови на оваа држава, …

Continue Reading

Саутгејт прогласен за витез

Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, е прогласен за британски витез, се наведува на Новогодишната листа на добитници. Саутгејт го напушти кормилото на репрезентацијата во јули, по поразот од Шпанија во финалето на Европското првенство во Германија. Герет Саутгејт ја предводеше Англија до две последователни финалиња на Европското првенство и до полуфиналето на Светското првенство во 2018 година. Осум години …

Continue Reading

Без вода дел од општините Ѓорче Петров и Чаир

Без вода денеска од 9 часот се дел од жителите на комплексот „Александрија“ во Општина Ѓорче Петров. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект од ф-150 милиметри на улицата „Ацо Шопов“, кај бензинската станица „Лукоил“. Поради дефект во шахта на улица „Благоја Паровиќ“ 12Б, денеска од 9:20 часот без вода се дел од корисниците …

Continue Reading

Герасимовски: 2000 дечиња добија новогодишни пакетчиња

Општина Центар, оваа година ги изненади дечињата на територија на општината со 2000 новогодишни пакетчиња. Овие пакетчиња беа поделени на учениците од основните училишта во Центар, децата од градинките, како и на лицата со попречености и со Даунов синдром. Не беа заборавени ниту пак најмалите херои кои се лекуваат на Клиниката за детски болести и Клиниката за детска хирургија, кои …

Continue Reading

(Видео) Филипче: 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, година во која научивме многу и во која одлучно завртивме нов лист

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во новогодишото обраќање на сите граѓани им ја честита Новата 2025 година, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година. „Новата година е време на надеж, нови почетоци и време да се присетиме на се што се случуваше во годината која измина. 2024 година беше година на предизвици за СДСМ, …

Continue Reading

Гери Невил: Ова е најлошиот тим во Англија

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, синоќа на „Олд Трафорд“ загубија од Њукасл со 2:0. Њукасл по само 20 минути фудбал стекна предност од два гола, благодарение на головите на Александар Исак и Жоелингтон. Јунајтед против Њукасл постави бројни негативни рекорди. Декември 2024 година ќе остане запаметен како првиот месец во кој „црвените ѓаволи“ претрпеа најмалку пет порази од септември 1962 година. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Со Груби, Деспотовски и Ковачевски милиони се испумпани од државата

„СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото. Изминатиов период на виделина излегоа неколку криминални случаи, од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбувале државата. Од милионскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во РЕК Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, …

Continue Reading

Полска утре го презема претседавањето со Советот на ЕУ

Полска утре од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што, како што е најавено, ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии – надворешна, внатрешна, економска, информативна, енергија, храна и здравје. Мотото на претседателството ќе биде „Безбедност, Европа“ што, како што рече претходно полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам …

Continue Reading