Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судски совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови, како што е во Деловникот – како што биле назначени, така ќе бидат и разрешени. Ова го истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши по негативниот извештај за работата на Судскиот совет. Тоа …

Continue Reading

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше. „Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе …

Continue Reading

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на Собранието Африм Гаши. Интерпелации се поднесени за вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и за неговиот заменик Астрит Исеини, за министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и за Илире Даути, …

Continue Reading

При претреси во Скопје пронајден амфетамин

Денеска во 10.15 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на З.В.(34) во с.Волково, скопско. Тој претходно на подрачјето на Центар бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, …

Continue Reading

Аталанта работи на трансферот на Киеза

Лидерот во Серија А, Аталанта, има план дополнително да го подобри нападот за вториот дел од сезоната. Џанпјеро Гасперини има намера да го ангажира фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза. Поранешниот првотимец на Јувентус не се претстави најдобро на „Енфилд“, каде летово пристигна од Торино за 13 милиони евра. Повредите го ограничија на само четири настапи во дресот на црвените. Она …

Continue Reading

Автомобил удри во жена во Штип, тешко повредена

Вчера на улицата Сремски фронт во Штип, автомобил со штипски регистарски ознаки, управуван од А.С.(21), удрил во С.М.(63), двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид.

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници, неколку милиони евра е грабежот врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски

Тоа е уште една измама. Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Самата власт, додава таа, кажа дека нема основа …

Continue Reading

Маршан најдобар спортист во Европа

Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на новинските агенции. Изборот по 67. пат го организираше Полската национална агенција (ПАП). Маршанд (22) освои пет медали на Олимписките игри во Париз, четири златни и една бронза. Францускиот пливач доби вкупно 155 поени. Второто место во изборот за најдобар европски спортист му припадна на словенечкиот …

Continue Reading

(Видео) ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита, бара СДСМ

„СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома. Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК“, …

Continue Reading