(Видео) СДСМ знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува Петрушевски

СДСМ и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за …

Continue Reading

Пронајден скопјанец: прегазил жена, па пробал да избега

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31), удрило во З.П.(45), двајцата од Скопје, и го напуштило местото. По преземени мерки, Б.К. бил пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската …

Continue Reading

(Фото) Над 3000 аеродромци уживаа во предновогодишниот настан „Аеродром пулсира vol.3“

Над 3000 аеродромци во саботата уживаа во прекрасниот предновогодишен настан „Аеродром пулсира vol.3“ што се одржа пред платото на Џевахир мол. За целиот спектакл да тече беспрекорно се погрижи познатиот водител Марко Новески. Сите генерации во еден глас ги пееја безвременските хитови на легендарните Игор Џамбазов и Гури Харе кои на свој уникатен начин внесоа посебна топлина меѓу публиката. Потоа, …

Continue Reading

Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона-Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи

Двајца затвореници побегнаа од затворот во Пикасент, 15 километри од Валенсија, во саботата навечер, искористувајќи ја еуфоријата предизвикана од гледањето фудбалски натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид на телевизија. Затворениците избегале по ноќното пребројување, кое се случува околу 21 часот, што се совпадна со почетокот на дербито од шпанската лига меѓу Барселона и Атлетико. Затворениците ја искористиле вревата и метежот …

Continue Reading

Одлука за доделување на стипендии и еднократни парични награди на учениците од општина Штип

⇓ Одлука за доделување на стипендии и еднократни парични награди на учениците од општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2023/2024 година ⇓ БОДОВНА ЛИСТА НА КАНДИДАТИ

Continue Reading

Не е вистина дека сопругата на Асад побарала развод, велат од Кремљ

Кремљ денеска ги демантираше информациите во турските медиуми дека Асма ал Асад, сопругата со британско потекло на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, сака да се разведе и да ја напушти Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми кои сугерираат дека Асад е задржан во Москва и дека неговиот имот е замрзнат. „Не, …

Continue Reading

Пред осум години не беше добар за нив сега му дадоа 81.000.000 долари

НБА франшизата Оклахома сити Тандер му го продолжи договорот на бекот Алекс Карузо. Шампионот во НБА од 2020 година и двократниот член на најдобриот одбранбен тим во лигата доби четиригодишен договор вреден 81 милион долари. На тој начин, Тандер го спречи Карузо, кој оваа сезона игра за 9,9 милиони долари, да стане слободен играч на лето. Карузо има 30 години …

Continue Reading

Руската разузнавачка служба предупредува дека претседателката на Молдавија се подготвува за војна

Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека молдавската претседателка Маја Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, наведувајќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да започне вооружен конфликт. Во пораката испратена од СВР до агенцијата ТАСС, се наведува дека претседателката на Молдавија неодамна одржала состанок со молдавската влада за прашања од енергетската …

Continue Reading

Oрбан: ЕУ ја изгуби војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина. Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е на дофат и дека ќе започне нов свет со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари. „Русите беа спремни да се согласат со Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се’ уште …

Continue Reading