Битолчанка во пакети со храна му испраќала марихуана на осуденик во затвор

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишната Т.Т. од овој град поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. „Во мај 2023 година, во повеќе наврати преку посредници кои ги користела како транспорт без нивно знаење, во пакет со храна, пријавената пренесувала марихуана до осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Битола“, информираа од МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Гостиварец позајмил атомобил од сограѓанин, па го продал

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.К. за измама. Според информациите од МВР, на 29 февруари тој позајмил автомобил од А.О., но не му го вратил назад. На почетокот на следниот месец, А.О. го нашол своето возило и дознал дека пријавениот му го продал на друго лице.

Continue Reading

Измамничка за 3.000 евра „помагала“ да се дојде до виза, МВР поднесе кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против А.А.(43) Тетово поради измама. „Во јануари 2023, пријавената го довела во заблуда Е.О., дека ќе му помогне да добие виза за странска земја, за што добила 3.000 евра за посредништво, а потоа не можел да стапи во контакт со неа“, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Continue Reading

Стручна комисија ќе констатира дали имало лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе – ДСЗИ забележа пропусти

Инспекторатот забележа пропусти на Детската клиника во врска со смртта на седуммесечното бебе кое било пуштено дома по првиот преглед, па хоспитализирано по два дена кога состојбата дополнително се влошила. „Доколку прием не е извршен, установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето на приемот за болничко лекување. При надзорот исто така е констатирано дека на клиниката …

Continue Reading

Баба пријавена дека го тепала внукот

Дваесет и петгодишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, во неколку наврати, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата баба М.М.(54), која употребила и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Ако Тошковски за 24 часа не ја каже вистината за бегството на Груби, ќе ја кажеме ние, велат од СДСМ

СДСМ го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да излезе пред јавноста, тврдејќи дека постои вистина што треба да ја каже за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница за проневера на 8 милиони евра во Државна лотарија. Опозициската партија отворено се сомнева дека бегството на Груби не бил никаков пропуст, туку станува збор …

Continue Reading

„Одмор“ воопшто не бил замислен како божиќен филм

Ако филмот од 2006 година „Одмор“  (The Holiday) е на вашата листа на класици што мора да ги погледнете за време на празниците, всушност тоа не била намерата на режисерката Ненси Мејерс. Сценаристката-режисерка откри на подкаст дека никогаш не го сметала тој филм за празничен. „Филмот ќе беше насловен исто дури и ако приказната се одвиваше на лето“, рече таа. …

Continue Reading

Ботас се врати во Мерцедес

Валтери Ботас по три години се врати во Формула 1 тимот на Мерцедес. Финецот ќе биде резервен возач на тимот следната сезона, а планира да се врати на патеката во 2026 година. Ботас ќе им биде резерва на Џорџ Расел и дебитантот Кими Антонели. Во неговиот прв ангажман во Мерцедес од 2017 до 2021 година, Ботас беше тимски колега на …

Continue Reading

Фетаи: Борбата против корупцијата – клучен приоритет во патот на Северна Македонија кон ЕУ

Вицепремиерот Арбен Фетаи, одржа воведно обраќање при презентирањето на Првото упатство за интегрирање на мерките против корупција во поглавјата и кластерите на преговорите со Европската унија. Овој проект, поддржан од Владата на Шведска и имплементиран од страна на UNOPS, е важен чекор во напредокот на нашата реформска агенда. Потпретседателот Фетаи истакна дека борбата против корупцијата е врвен стратешки приоритет за …

Continue Reading