Во Црна Гора уапсени поранешни министри и државен секретар

Службениците на Специјалното полициско одделение во петокот го уапсија Петар Ивановиќ, поранешен министер за земјоделство и рурален развој и поранешен советник на поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по налог на Специјалното државно обвинителство. Во рамки на акцијаta на Специјалното државно обвинителство и Специјалниот полициски оддел на Црна Гора, уапсен е уште еден поранешен министер за земјоделство и рурален …

Continue Reading

Неверојатната Волш повторно урна светски рекорд

Гречен Волш продолжува да си поигрува со светските рекорди на планетарното првенство во 25-метарски базени во Будимпешта. Брилијантана Американка, најпрвин постави нови светски рекорди во дисциплините 50 метри делфин (два пати, во квалификациите и во финалето) и 100 метри мешано, а утрово постави нов планетарен рекорд во трката на 100 метри делфин. Во квалификациите, в оваа дисциплина таа исплива 53,24, …

Continue Reading

Во тек е исплатата на надоместоците за помош и нега од друго лице, попреченост и за сместување во згрижувачко семејство

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека во тек е исплатата на надоместокот за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост и надоместок за сместување во згрижувачко семејство за месец ноември 2024 година.

Continue Reading

Семејството на 22-годишната девојка која го фрлила новороденчето не знаело дека е бремена: „Живееме тешко, но да знаевме за бебето, ќе го чувавме

Мајката на М.Ј.(22) која го фрлила своето новороденче во контејнер во селото Малошиште, за Нова.рс вели дека не знаела дека нејзината ќерка е бремена бидејќи да знаела, иако живееле тежок живот, тие ќе го чувале бебето. „Ништо не ми кажа, не знаев дека е бремена. Со сопругот синоќа бевме во полиција во Дољевац, ме прашаа зошто го оставила детето. Им …

Continue Reading

Време е за враќање на мандатот кај граѓаните, да ставиме крај на неспособноста и корупцијата на нелегитимната Влада, бара ДУИ

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период, се претвори во симбол на неуспехот и недостигот на одговорност пред граѓаните на земјата“, велат од ДУИ. „Блокадата на процесот на европска интеграција и нападот врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација …

Continue Reading

Молдавија воведе вонредна состојба поради прекин на испораките на гас од Русија

Парламентот на Република Молдавија прогласи вонредна состојба поради претстојниот прекин на испораките на гас од Русија. Вонредната состојба треба да започне во понеделник, на 16 декември и да трае 60 дена. Се очекува Русија да ја намали испораката на гас за оваа источноевропска земја на 1 јануари. „Задачата на Парламентот е да прогласи вонредна состојба за оваа зима да биде …

Continue Reading

„Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“ на Башким Меџити

На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16 декември, понеделник, во 19 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија. Изложбата претставува одбележување на 30-годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите – Јубилејни триесет …

Continue Reading

Муртезани потпиша Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Кишинев оствари средба со Заменик претседателката на Владата на Република Молдавија, задолжена за евроинтеграција, Кристина Герасимов. Во фокусот на разговорот беа билатералната соработка и заедничката амбиција за напредок на патот кон ЕУ, со што се зајакнуваат врските преку заемна поддршка и соработка. Муртезани и …

Continue Reading

Поранешниот кинески селектор осуден на 20 години затвор

Ли Ти, еден од најпознатите кинески фудбалери и поранешен селектор на националниот тим е осуден на 20 години затвор поради корупција. Утврдено е дека Ти со години плаќал и примал мито за да мести натпревари, да избира играчи, па дури и да купува преноси од сопствените натпревари. Според пишувањата на кинеските медиуми, Ти добил речиси 6,7 милиони евра мито од …

Continue Reading