(Видео) „Мамо, успеав“: Токиќ се расплака откако се кандидираше за претседател на Хрватска
Државната изборна комисија на Република Хрватска (ДИП) донесе одлуки за валидно предложени кандидатури за претседател на Република Хрватска. На списокот на оние кои ги собраа потребните 10.000 потписи и кои ќе се појават на гласачките ливчиња во недела на 29 декември се: Миро Буљ, Томислав Јоњиќ, Ивана Кекин, Бранка Лозо, Зоран Милановиќ, Драган Приморац, Марија Селак Распудиќ и Нико Токиќ-Картело. …
Continue Reading
Советот на ЕУ: авиокомпаниите се обврзани да достават податоци за патниците пред да влезат во ЕУ
Советот на ЕУ денеска ги усвои регулативите кои предвидуваат дека авиокомпаниите мора да достават информации за патниците, како што се патни документи, информации за летот и багажот до надлежните органи, пред да стигнат до надворешните граници на ЕУ. Како што се наведува во соопштението, Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за две регулативи кои ја зајакнуваат безбедноста на границите …
Continue Reading
Доналд Трамп по втор пат е избран за личност на годината на магазинот „Тајм“
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, магазинот „Тајм“ го прогласи за личност на годината. Тој ги надмина останатите финалисти, меѓу кои беа актуелната ривалка на Трамп на изборите Камала Харис, милијардерот и сојузник на Трамп Илон Маск, израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху и Кетрин, принцезата од Велс, популарно позната како Кејт Мидлтон. Трамп беше личност на годината според изборот на „Тајм“ …
Continue Reading
Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски
-
Mark
-
December 12, 2024
-
Култура
-
0 Comments
На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Ова беше соопштено на прес-конференцијата која се одржа денеска во Македонскиот народен театар, на која присуствуваа членови на актерската екипа заедно со режисерката Нела …
Continue Reading
Герасимовски: Ќе се реконструира дворот и игралиштето во ООУ „Кочо Рацин“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на одбележувањето на 80 години од постоењето на ООУ „Кочо Рацин“ најави низа реконструктивни зафати за училиштата, планирани за 2025 година, според нацрт-програмата усвоена на 42 Седница на Советот на Општина Центар. „Во текот на наредната година, во ООУ ,,Кочо Рацин” се предвидува партерно и хортикултурно уредување на дворот, реконструкција на игралиштето и изградба …
Continue Reading
Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти
-
Mark
-
December 12, 2024
-
Доза здравје, Магазин
-
0 Comments
Кога еден пациент е соочен со дијагнозата рак, тоа е поразително за него и за најблиските луѓе околу него. Она што е уште потешко е што истиот тој пациент можеби во исто време се соочува и со други хронични болести, како на пример висок крвен притисок или дијабетес, или пак одредени автоимуни состојби. Оттаму, нему му е потребна целосна грижа …
Continue Reading
Велковски: Македонската држава три децении пример за хуманост и солидарност кон бегалците и мигрантите
30 години од воспоставувањето на партнерството помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска беше одбележан во министерството за надворешни работи и трговија. Потсетувајќи се на историјата и предизвиците со кои се соочуваше државата, присутните ги истакнаа заедничките постигнувања во областа на заштитата на бегалците и промоцијата на човековите права. Македонската држава беше …
Continue Reading
Капело: Гвардиола е одличен тренер, но премногу е арогантен
Манчестер сити се наоѓа во длабока криза. Тимот на Пеп Гвардиола има само една победа во последните десет натпревари, два пати одигра нерешено и доживеа седум порази. Синоќа, Јувентус со головите на Влаховиќ и Мекени го победи Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите. „Граѓните“ со осум бода, по шест кола се наоѓаат на 22.место во Лигата на шампионите. …
Continue Reading
Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15.11.2024 година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист и Делвина Крлуку, публицист. …
Continue Reading