Мисајловски на затворањето на вежбата „Maple Arch 24 : Армијата нуди услови и можности за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО – стандарди
Денеска во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорките на Канада и Украина Мишел Камерон и Лариса Дир и високи воени претставници од Канада и Полска присуствуваа на Денот за високи гости и затворањето на вежбата „Maple Arch 24“ која се реализира во нашата …
Continue Reading
ЛДП: Наместо „празни“ интерпелации, ДУИ да го поддржи предлогот за намалување на банкарските провизии
Либерално-демократската партија апелира на одговорно и совесно однесување од сите политичари и политички партии, нo пред сѐ, како граѓани на оваа земја. Сега, додаваат од оваа партија, не е време за нови поделби и сите заедно не смееме да дозволиме одредени сили во земјата повторно да создаваат тензии и поделби на народот. „Доколку ДУИ навистина сака да покаже доблест и …
Continue Reading
Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации или нарушувања во енергетскиот систем. На првиот состанок, Комисијата ги постави основите за нејзиното работење и го усвои планот за редовна анализа на состојбите на домашниот и регионалниот енергетски …
Continue Reading
Мурињо му одговори на Гвардиола: Јас моите титули поштено ги освоив
Ливерпул го победи Манчестер сити со 2:0 во неодамнешното дерби на англискиот фудбал. Навивачите на „Енфилд“, кога Ливерпул го постигна вториот гол скандираа „Утре ќе бидеш отпуштен…“ на Пеп Гвардиола, по што менаџерот на Сити крена шест прсти во воздух. Тие шест прсти го означија бројот на титули кои клубот ги освои под негово водство во Премиер лигата. Со тој …
Continue Reading
Роденденска забава во ЗРЦЛИП “Порака наша” – Куманово
Корисниците на услуги заедно со вработените во Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст, “Порака наша” – Куманово, со пригодни активности го прославија роденденот на институцијата, во присуство на претставници од повеќе здруженија и организации од градот. На роденденската забава присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за …
Continue Reading
Јаневска: Владата се залага за поквалитетен и инклузивен образовен систем
Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку видео обраќање учествуваше на отворањето на Самитот на Фондацијата Маариф од Турција, на тема „Образование за фер и еднакво општество за одржлива иднина“, што по четврти пат се одржува во Истанбул. Воведни говорници на настанот беа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за национално образование Јусуф Текин и претседателот на фондацијата Бирол …
Continue Reading
Спречен терористички напад на божиќен панаѓур во Германија
Германската полиција спречи потенцијален терористички напад на божиќен саем во Баварија, откако добила дојава од странска разузнавачка агенција за активностите на осомничениот маж на Интернет. Според германски „Велт“, осомничениот, 37-годишен маж од Ирак, бил уапсен во средата вечерта во сместување за баратели на азил во градот Аугсбург. Портпаролот на баварската полиција денеска го потврди апсењето, пренесува „Политико“. „Велт“ додава, повикувајќи …
Continue Reading
Италијански тим противник на Алкалоид во 1/8 финалето на Европскиот куп
Фото/ rkalkaloid.mk Ракометарите на Алкалоид го дознаа противникот во осминафиналето на Европскиот куп. Ждрепката беше извршена полпаднево во седиштето на ЕХФ во Виена. Противник на Алкалоид во оваа фаза ќе биде италијанскиот тим Бриксен. Натпреварите ќе се играат во февруари наредната година. Алкалоид ќе гостува во Италија на 15 или 16 февруари, додека реваншот во Скопје ќе се одигра една …
Continue Reading
Магла на планинските премини Буково и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни без забрани и ограничувања за сообраќај. Намалена видливост поради појава на магла има до 50 метри на планинските премини Буково и Пресека Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска …
Continue Reading