Министерот Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе учествува на министерскиот состанок на САД-Јадранската повелба, попозната како групата А5, кој се одржува во Тирана, Албанија. За време на министерскиот состанок, министерот Мисајловски ќе се обрати на двете работни сесии посветени на безбедносното опкружување во Западниот Балкан и поширокиот регион, политиката на отворени врати на А5, како и иднината на овој успешен …

Continue Reading

Непозната болест избувна во земја со 100 милиони жители: стотици мртви, загрижена и СЗО

Непозната болест уби 143 луѓе во Конго, во епидемија што ги вознемири здравствените власти и Светската здравствена организација. Пациентите имале симптоми слични на грип, вклучително и висока температура и силни главоболки, соопштија локалните власти, а најтешко се погодени жените и децата, пренесува Дејли мејл. Смртните случаи се регистрирани во провинцијата Кванго, во југозападниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) и …

Continue Reading

Пуштена во употреба фотоволтаичната централа во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, донација од „Окта“

ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија доби фотоволтична централа со моќност од 31.05 kw, донација од компанијата „Окта“. Со посета на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и извршниот директор на „Окта“ во Македонија, Димитриос Паскос, во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, беше означено пуштањето во употреба на фотоволтаичната централа и одбележана соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор. – Одржлива иднина за идните …

Continue Reading

ДУИ до Филипче: Kопирањето на ВМРО- ДПМНЕ во користењето на албанофобијата преку анти-ДУИ наратив за политички поени не е здраво за државата

„Последните изјави на Венко Филипче, каде што тој се обидува да го искористи анти-ДУИ наративот за да ги прикрие неуспесите на неговата партија, покажуваат опасно лизгање кон познатите пристапи на ВМРО-ДПМНЕ. Користењето на албанофобијата како политичка алатка не е само неодговорно, туку и штетно за социјалната кохезија и стабилноста на Северна Македонија“, велат од ДУИ. „Оваа политичка опсесија со ДУИ …

Continue Reading

Тела на две бебиња пронајдени закопани во двор во Хрватска

Во вторникот во дворот на семејна куќа во општина Љубешчица кај хрватскиот град Вараждин се пронајдени тела на две бебиња, а нивните родители се уапсени, соопшти вараждинската полиција. Градоначалникот на општина Љубешчица, Ненад Хорватиќ, за Хина потврди дека се пронајдени телата на две бебиња, како и дека нивните родители се уапсени. „Полициски службеници во Вараждин добија пријава за сомнение за …

Continue Reading

„Помисли двапати“ кампања на Интерпол за зголемување на свесноста и заштита од онлајн измами

Интерпол почна со нова кампања за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. „Помисли двапати“ (Think Twice) кампањата во која целосно се вклучува и Министерството за внатрешни работи, вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми растечки онлајн закани: ransomware напади, malware напади, phishing, генеративни AI измами и романтичарски …

Continue Reading

Двајца Американци и еден Канаѓанец исчезнаа додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

Поради лошите временски услови, забавена е потрагата по двајца Американци и еден Канаѓанец кои исчезнаа при обидот да се искачат на највисокиот врв на Нов Зеланд. Како што јави Си-Ен-Ен, Курт Блер (56), Карлос Ромеро (50) пристигнале во саботата во областа и планирале да го освојат врвот висок 3724 метри над гребенот Цурбриген. Тие беа прогласени за исчезнати кога не …

Continue Reading

Хороскоп на среќата за декември 2024 година: на овие знаци од Зодијакот ќе им се остварат зимските соништа

Секој од нас сонува за нешто тајно во душата. Но, едно е препуштањето на соништата, а одењето чекор по чекор кон нивно остварување е сосема друго. Сепак, некои хороскопски знаци можат да си дозволат малку да се опуштат, бидејќи во декември среќата ќе биде целосно на нивна страна. Првиот зимски месец ќе им донесе многу пријатни моменти и ќе ги …

Continue Reading

Претпладне појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 …

Continue Reading