Нова платформа за дијалог и идеи: Започна подкастот „Бизнис клуб“ со Бранко Азески

Стопанската комора на Северна Македонија започна со подкастот „Бизнис клуб“, најновата иницијатива на претседателот Бранко Азески. Оваа платформа е креирана со цел да отвори нови хоризонти за размислување, да поттикне дијалог за актуелните економски предизвици и да ги приближи искуствата од реалниот сектор до пошироката јавност. Првата епизода веќе е достапна на YouTube каналот на Комората. Во неа претседателот Азески …

Continue Reading

17 женски лица од кои една наша државјанка затекнати во угостителски објект во Желино

Денеска во периодот од 00:30-03:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци. При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки …

Continue Reading

АХВ откри нерегистрирана кујна и оштетени површини каде што се готви за деца

Агенцијата за храна и ветеринарство при спроведени контроли во 36 училишни кујни утврдила дека една кујна не била регистрирана, а во кујните во четири училишта биле оштетени работните површини. Земените примероци од храна биле во ред, а од земените брисеви само во едно училиште лабораториските тестирања детекирале незадоволителни резултати. За нерегистрираната кујна изречена е прекршочна санкција и наредено е итно …

Continue Reading

Заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка, се вози и со летни гуми

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на Единствениот број за итни случаи 112 добиле пријави од заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка. ЦУК посочуваат дека денеска во 13:05 часот добиле известување од службени лица на Територијалната противпожарна едница од Гостивар за заглавено службено возило меѓу хотелот „Радика“ и Бунец и дека со нив се и околу …

Continue Reading

Бразилки од 26 до 38 години давале сексуални услуги во изнајмени станови во „Џевахир“

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти на МВР вчера уапсила четири лица за посредување при вршење проституција и перење пари. Според досегашните сознанија на МВР, во периодот од декември лани бразилска државјанка, со дозвола за привремен престој во земјава, заедно со двајца македонски државјани и со две неидентификувани лица од Португалија организирале врбување, прифаќање, превезување и сместување на …

Continue Reading

Проблеми за Баерн и Компани – Кејн во аут поради повреда

Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн ќе биде надвор од терените најмалку две недели поради повреда на бутниот мускул, објави германски Билд. Кејн се повреди на вчерашниот натпревар од 12. коло на Бундес лигата против Борусија во Дортмунд (1:1). Англискиот фудбалер беше заменет во 33. минута поради повреда. Баерн денеска соопшти дека по дополнителните лекарски прегледи било утврдено дека Кејн го …

Continue Reading

19-годишен возач со автомобил тешко повреди пешак

Синоќа во 22:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје, патничко возило тојота со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешакот А.О.(27) исто така од Скопје.  Во несреќата А.О. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде што е задржана на натамошно …

Continue Reading

Без струја останаа триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар

Без електрична енергија се пелагониските села, а во моментов без напојување со струја се соочуваат жителите на триесетина села од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар. Според кол-центарот на ЕВН, струја нема во селата Драгарино, Црнобуки, Секирани, Гопеш, Стрежево, Породин, Лажец, Драгош, Дихово, Нижо Поле, Ѓавато, Маловиште, Мусинци, Црничани, Рапеш, Новаци, Бач, Живојно, Гермијан, Брод, Добромири, Кукуречани, Жван, Бабино, …

Continue Reading

Утре ќе се знае цената на струјата од 1 јануари

Регулаторната комисија за енергетика утре на прес-конференција ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО). АД ЕСМ на последнио тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови што е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа …

Continue Reading