Мицевски: Владата има зголемен буџет за реформи во МВР
На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски кој посочи дека Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи и поради тоа амандманот се одбива. „Оваа влада има предвидено пари за инвестиции …
Continue Reading
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Денеска Република Македонија се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна. Министерот за земјоделство, шумарство и …
Continue Reading
Приведен криумчар, пронајдени седум мигранти
Синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полицијата го приведе 26-годишниот Ф.Ш. од Косово. При извршен преглед на „голф 7“ со косовски национални ознаки – автомобилот којшто тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираа од МВР. Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите
Без аргументи и без било какво чувство за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните соочени со големи поскапувања и раст на трошоците за живот ДПМНЕ ги одби амандманите на СДСМ за покачување на платите, истакна на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што рече, одбиени се амандманите за поголема плата за работниците, одбиен е амандманот за покачување на …
Continue Reading
Турски државјанин најден починат во хотел во Охрид
Шеесет и тригодишен државјанин на Турција, во текот на вчерашниот ден бил најден починат во хотел во Охрид. Од СВР Охрид информираат дека пријавата ја добиле вчераутро, а станува збор за лице со иницијали Х.К.. Доктор од итната медицинска помош, констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото, извршија полициски екипи.
Continue Reading
Петрушевски: Поради бизнис интересот на претходната власт, граѓаните плаќаат поскапа струја, ЕСМ работи на намалување
Криминалното и недомаќинско работење на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „Ако во 2017 година кога ЕСМ го раководеше премиерот Христијан Мицкоски просечната производствена цена на …
Continue Reading
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
Министерството за внатрешни работи изразува искрена благодарност до Амбасадата на Велика Британија и тимот за обука на Царската служба за приходи и царина за Западен Балкан, за успешната реализација на Проектот за обука за финансиски истраги кој се спроведува изминативе две години. „Овој проект овозможи значителен напредок во знаењата и вештините на нашите претставници и претставниците на партнерските институции, вклучувајќи …
Continue Reading
„Влен“: ДУИ како во холивудско сценарио оркестрирала сензационално враќање на Груевски
Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како ДУИ, како во холивудско филмско сценарио го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје, велат од коалицијата „Влен“. Од тука oбвинија дека во операцијата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Северна Македонија, вмешани биле група шверцери предводени од претседателот на партијата Али Ахмети, поранешниот вицепремиер Артан Груби …
Continue Reading
(Видео) Ветрот направи повеќе штети во Битола: Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери
Делови од Македонија во последното деноноќие беа зафатени со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата, најмногу во Битола и Штип. Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи во Битола, пожарникарите интервенирале на повеќе локации. Меѓу штетите се паднат кров на две згради на улицата Нико Фундали, каде има настаната штета и на …
Continue Reading