(Видео) Англија со „петарда“ го потврди првото место, Словенија освои бод во Австрија и ја „турна“ Норвешка во А дивизијата
Заврши Лигата на нации во Б дивизијата. Англија ја декласира Ирска, а Норвешка Казахстан, Грција рутински победи во Финска, а Словенија освои бод во Австрија. Англија со комбиниран тим (голем број играчи му откажаа на селекторот Ли Карсли) се мачеше со Ирска се до 51.минута кога Скалс доби црвен картон. Голот од пенал на Кејн во 53.минута ги раздвижи Англичаните, …
Continue Reading
Синер без загубен сет го освои завршниот Мастерс
Јаник Синер го освои завршниот Мастерс во Торино и на најдобра начин ја заокружи извинредната сезона. Уште од претходно беше познато дека Италијанецот сезоната ќе ја заврши на првото место. Синер во финалето на завршниот Мастерс го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:4, 6:4 за 85 минути игра. Италијанецот одлично севираше, го контролираше мечот, направи по еден брејк во двата …
Continue Reading
Почина уште една од повредените жени при падот на Железничката станица во Нови Сад
Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов. – Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се …
Continue Reading
Во делови на Украина нема струја и греење, откако руската војска изминатата ноќ изврши масовен напад
Во делови на Украина се уште нема струја и греење, откако руската војска изминатата ноќ изврши масовен напад со проектили и беспилотни летала врз повеќе градови – вклучувајќи ги Киев и Одеса – при што на удар беше енергетската инфраструктура. Ова беше најголемиот руски воздушен напад врз Украина во последните три месеци, со лансирани 120 проектили и 90 беспилотни летала, …
Continue Reading
Коњановски: Копанки го враќа својот сјај – Битола добива обновен планинарски дом
-
Новинар
-
November 17, 2024
-
Општини
-
0 Comments
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки, кој влегува во завршна фаза на обновување. Во придружба на секретарот, директорот на ЕСМ Молика и претседателот на ПСК Пелистер, тој истакна дека тековните активности, како поставувањето на покривот и градењето на калканите, се одвиваат според планираниот рок. Објектот, кој има особено значење за битолчани, …
Continue Reading
Заталкан куршум заврши во плафон во продажен објект во Чаир
Во СВР Скопје, Х.А.(38) од с.Љуботен, скопско, пријавила дека на 15.11.2024 околу 14.30 часот, додека била на работното место во продажен објект на подрачјето на Чаир во Скопје, паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од полициската станица Чаир го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
Исчезна 13-годишно девојче од Штип
Вчера во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Continue Reading
(Видео) Миовски ги реши Фарските Острови
Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI Фудбалската репрезентација на Македонија со петтата победа во низа го заклучи ова издание во Лигата на нации. Вечерва во Скопје, Македонија ги победи Фарските Острови со 1:0 (0:0). Македонија со 16 бода ја освои Групата 4, пред Ерменија која победи во Летонија со 2:1 и ќе игра бараж за пласман во Б дивизијата. Натпреварот во Скопје го …
Continue Reading
Дете тепало дете во Штип
Вчера во 21.10 часот во СВР Штип, Т.К.(40) од Штип пријавила дека околу 20.30 часот во Штип, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading