По 11 години откриени извршители на убиство во тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сега 41-годишни жители на селото Порој, од кои првиот е директно осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик сторено во 2013 година, додека другиот му помогнал во извршување на убиството и бил соучесник во – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување …
Continue Reading
Филков: Продолжуваме со реформи во правосудството, од утре започнуваат стручните дебати за Судскиот совет
Министерот за правда Игор Филков осврнувајќи се на извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата држава во делот на правосудството, рече дека тој дава реален приказ на достигнувањата и состојбите, но истиот претставува и поттик за испорачување на потребните реформи. Реформите во правосудството според Филков се одвиваат во согласност со Развојната секторска стратегија за правосудство за периодот 2024 – …
Continue Reading
Наместо да бара избори нека си ја реформира партијата, му порача Таравари на Али Ахмети
„Јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку веднаш да бара избори“, му порача министерот за здравство и лидер на АА Арбен Таравари, на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални …
Continue Reading
ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи од Вреди се партиски кандидати, спротивно на законот за медиуми, алармирана меѓународната заедница
Демократската унија за интеграција го осудува вознемирувачкото продолжување на менталитетот за партизирање на независните институции од страна на коалициските партнери во власта без етнички легитимитет. „Кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за медиуми Нафије Селмани и Афрона Верзиволи на вчерашната расправа во собраниската комисија за избори и именувања ги излажаа пратениците, граѓаните и медиумите. Нафије Селмани и Афрона Верзиволи …
Continue Reading
Итудис го презема Хапоел
Грчкиот тренер Димитрис Итудис го презеде израелски Хапоел Тел Авив. Кошаркарскиот портал „Спортандо“ пренесува дека двете страни постигнале официјален договор. Актуелниот тренер на Хапоел, Стефанос Дедас треба да остане во стручниот штаб како помошник на Итудис. Итудис, кој ја започна својата тренерска кариера како асистент во Загреб во 1992 година, се прослави како помошник на Жељко Обрадовиќ во Панатинаикос во …
Continue Reading
ОДРЖАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
На денешната четириесет и осма седница на градскиот совет, советниците расправаа за измаени и дополнувања на годишните програми за работа на повеќе сектори од општинската адмнистрација, јавните претпријатија и образовни интитуции. По плодна дебата за повеќе точки од дневниот ред, истите беа усвоени со мнозинство гласови. Во вториот дел од работата на седницата, усвоени пет одлуки за формирање на комисии …
Continue Reading
УКИМ додели средства за потребите на ФМУ: Унапредувањето на условите за едукација на музичките уметници е од клучно значење за негување на културното наследство
Музичката култура е од исклучителна важност за секоја нација, бидејќи преку неа се негуваат и промовираат традициите и вредностите кои ја градат културната иднина на земјата и токму затоа средствата кои ги доделивме на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), имаат за цел да ги унапредат условите за едукација на идните музички уметници, со што ќе се обезбеди континуитет во во …
Continue Reading
Андоновски: Нема да дозволиме корупцијата и приватниот интерес да надвладеат над сајбербезбедноста
Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше и се обрати на конференцијата „Business and Government: Aligning for a Secure Digital Future”, организирана од Американската стопанска комора. На настанот, кој собра повеќе од 150 учесници од бизнис заедницата, владини институции, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и ИКТ професионалци, министерот Андоновски ја истакна важноста на соработката меѓу власта и приватниот сектор во …
Continue Reading
Уапсена 26-годишна скопјанка, при претрес во нејзиниот дом пронајдени марихуана и кокаин
Вчера во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода 26-годишната Н.С. од Скопје. При претрес во домот каде престојувала, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и две дигитални ваги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава по …
Continue Reading