Поранешниот вонбрачен партнер ја удрил со автомобил

Во СВР Скопје, 27-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден околу 06.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров била удрена од патничко возило кое било управувано од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.К.(22) од Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Премиерот најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад

Ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката на семејството на загинатиот македонски државјанин во вчерашниот немил настан во Нови Сад“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по надзорот на патниот правец Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10д. Прашан дали државата ќе му помогне на семејството на загинатиот македонски државјанин, премиерот рече дека …

Continue Reading

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата Влада за кој пат се“, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук-профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во …

Continue Reading

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме. Пораката од премиерот Мицкоски беше по барање од новинарите за коментар на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година. – Јас разбирам дека раководството …

Continue Reading

Лефков: Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители

Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додава дека Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа …

Continue Reading

Почина возач на камион од Богданци

Во 13.20 часот вчера во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот. МВР денеска соопшти дека во несреќата од …

Continue Reading

67-годишна жена падна возејќи тротинет и тешко се повреди

Во полициската станица Прилеп вчера било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Прилеп, Л.Т. (67) од Прилеп управувајќи тротинет марка „Чико“, во обид да заобиколи товарно моторно возило, загубила контрола над мопедот и паднала на патот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Continue Reading

Нов ден, нов светски рекорд на Реган Смит

Нов ден, нов светски рекорд на Светскиот куп во пливање. Третиот митинг се одржува во Сингапур. Американската пливачка Реган Смит го собори светскиот рекорд во дисциплината 200 метри грбно. За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 секунди на 100 метри грбно, Смит блесна и на 200 метри. Таа ја заврши трката …

Continue Reading

Мотоциклист излета од патот и заврши во болница со тешки повреди

Вчера во 18.02 часот во полициската станица Делчево  било пријавено дека на регионалниот пат од село Саса кон Македонска Каменица, кај место викано „Павлиш дол“, Т.С.(49) од Македонска Каменица управувајќи мотоцикл марка „Хамачи“, загубил контрола над мотоциклот и излетал од патот. Во несреќата Т.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Увид бил извршен од …

Continue Reading