Зеленски го претстави планот за победа против Русија: „Ако се исполни се, најдоцна следната година можеме да ја завршиме војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на седницата на парламентот го претстави планот за победа во војната против Русија. Планот се состои од пет клучни точки: Членство во НАТО, одбрана, одвраќање на руската агресија, економски раст и соработка, повоена безбедносна архитектура. Покрај тоа, планот вклучува три тајни точки кои нема да бидат откриени во јавноста, но ќе бидат клучни за спроведување на …

Continue Reading

Промоција на книгата „Едно тело, илјада избори – водич за исхрана базиран на факти“ во КИЦ

Промоција на книгата „Едно тело, илјада избори – водич за исхрана базиран на факти“ на Александар Дренковски ќе се одржи овој петок (18. октомври) во Културно информативен центар (КИЦ) со почеток од 19:19 часот.  Со мудрост, хумор и здрава доза скептицизам упатена кон најновите трендови на исхрана, „Едно тело – илјада избори“ објаснува сѐ, од  еволутивните корени на нашите инстинкти …

Continue Reading

Колку чинат повредите на играчите? 800 милиони долари

Водечките европски национални фудбалски шампионати загубија над 800 милиони долари минатата сезона поради зголемениот број повреди на врвните фудбалери, се вели во извештајот што го објави спортската осигурителна компанија „Хауден“. Во извештајот се наведува дека во петте најсилни лиги во Европа, англиската, шпанската, германската, италијанската и француската, минатата сезона имало вкупно 4.123 повреди. Трошоците за повреди се базираат на пријавените …

Continue Reading

Се огласи Клиничкиот центар во Сараево за смртта на девојчето по вадење заб

Шеснаесетгодишно девојче почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) откако доживеа тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево. Во врска со овој трагичен настан КЦУС излезе со соопштение. „Колективот на КЦУС изразува искрено сочувство до семејството по повод овој немил настан, смртта на шеснаесетгодишно девојче. Како професионалци, колку и да сте подготвени, смртта е секогаш …

Continue Reading

По земјотресот во Турција утринава имало уште 30 земјотреси, нема жртви и повредени

Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД) соопшти дека по земјотресот утринава во Турција се случиле уште 30 земјотреси со магнитуда од 1,2 до 3 степени, но дека во земјотресот нема жртви и повредени, јави денеска Анадолија. Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на градот Малатија. Гувернерот …

Continue Reading

Надал: Не ги споредувајте Синер и Алкараз со „големата тројка“

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека Јаник Синер и Карлос Алкараз се уште не треба да се споредуваат со „големата тројка“. Во интервју за „ДАЗН“, Надал истакна дека на двајцата треба да им се дозволи да создадат свој, единствен пат. „Треба да им дозволиме да создаваат свои ривалства и приказни. Не треба да ги споредуваат со нас“, рече Надал. Знае …

Continue Reading

Возило се превртело и запалило во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје: повредени четири лица

Синоќа околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје. Во несреќата возилото „шкода” се превртело и се запалило …

Continue Reading

Прикажување на филмот „Бизнисот на задоволството“ во Гевгелија

Во Народниот театар- Гевгелија, утре (17 октомври 2024 година), ќе се прикажува филмот „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски. Емитувањето ќе започне во 20:00 часот и е наменет за лица на возраст над 16 години. Влезницата чини 150 денари. Билетите се пуштени во продажба, а можат да се набават во Народниот театар- Гевгелија, од 08:00 до 15:00 часот и пред …

Continue Reading

Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител …

Continue Reading