Реал без Кампацо против Басконија

Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампазо е казнет по натпреварот од првото коло во Евролигата. Непосредно пред натпреварот со Партизан казната му беше укината, но сега повторно е во сила.   По натпреварот помеѓу Реал и Баерн во првото коло од Евролигата, Факундо Кампацо доби суспензија од еден натпревар. Во тој момент тоа значеше дека Реал нема да може да …

Continue Reading

Тешко повреден скопјанец, со тротинет удрил во пешак

На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР …

Continue Reading

Удрен пешак со возило во Скопје, возачот побегнал

На 12.10.2024 во 15.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот Ј.Ф.(53) од село Горно Коњари, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Премиера на претставата „Бели ноќи“

Во Македонскиот народен театар на 17 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи премиерата на претставата „Бели ноќи “ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Првата реприза …

Continue Reading

Мисајловски на свечената заклетва на 28. класа питомци: Вашиот избор покажува дека ја сакате татковината

„Ви честитам на изборот, вашата работна кариера да ја посветите на Армијата, но првенствено на граѓаните, и на државата. И вие и ние заедно со вас почнуваме ново поглавје во вашите животи“, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната свечена заклетва на 28. класа питомци во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, – Скопје, на која присуствуваа Претседателката и врховен …

Continue Reading

Majката на Вања сведочеше во судот: „Таткото тврдеше дека е киднапирана, локацијата на ‘Гугл’ првин не однесе во напуштена куќа“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеше Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања.   Ѓорчевска изјави дека во моментот кога сфатиле дека Вања не се појавила на училиште, а на телефонот била недостапна, локацијата на „Гугл“ им покажала дека е на Партизанска, а кога отишле таму со сопругот Александар, затекнале напуштена куќа. Внатре немало никој. Ѓорчевска сведочеше дека сопругот и’ …

Continue Reading

6800 ученици од Гази Баба добија бесплатни училишни униформи

Општина Гази Баба успешно го реализираше проектот за обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици кои го следат образовниот процес во општинските основни училишта на нејзината територија. Од општината информираат дека со проектот се опфатени 6800 ученици кои добиваат сет на бесплатни училишни униформи кој содржи две поло маици, една блуза со долг ракав и еден дуксер. Вредноста на …

Continue Reading

ЕУ ќе инвестира во воено-индустрискиот комплекс во Украина

Европската унија го менува пристапот кон воената помош за Украина и преминува на инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на земјата, кој ќе произведува ракети, беспилотни летала и друго оружје со долг дострел. Посветеноста на ЕУ од 440 милиони долари за поддршка на украинската одбранбена индустрија „означува значителна промена“ во пристапот на блокот кон војната и исто така ги открива слабостите на …

Continue Reading

Левандовски ја критикува тактиката на селекторот

Полската фудбалска репрезентација нема добар старт во Лигата на нации. Полјаците одиграа три натпревари и претрпеа два порази и ја победија Шкотска во групата во која се и Хрватска и Португалија. Дека кризата не е само резултатска говори и изјавата на капитенот Роберт Левандовски, кој пред дуелот со Хрватите го нападна тренерот Михал Пробјеж. Левандовски не беше задоволен од дуелот …

Continue Reading