22-годишна жена обвинета за измама со изнајмување на станови во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан …

Continue Reading

По укинувањето на балансерот, академици од сите универзитети ќе дебатираат за законот за правична застапеност, уверува Меџити

Што содржи новиот закон кој ќе предвиди правична застапеност на сите заедници во институциите министерот за животна средина Изет Меџити вели дека сѐ уште не може да открие, но најави дека за него ќе има широка јавна дебата. Драфт верзијата, според Меџити, ќе ги помине сите потребни филтри за да не се случи повторно да имаме половичен закон, кој ќе биде …

Continue Reading

„Алаба би можел да ја заврши кариерата“

Давид Алаба (32), се повреди пред една година, требаше да се врати на терените на крајот од овој месец, но според шпанските медиуми тоа нема да се случи. Според нив рехабилитацијата не оди според планиранот. „Релево“, откри дека враќањето на терените е одложено за три месеци, односно за јануари наредната година. За разлика од тврдењата на „Реелво“, она што го …

Continue Reading

Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиќ

Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата. Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ досега се потврдени четири смртни …

Continue Reading

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

Агенцијата Меккен Скопје е прогласена за „Адриатик Агенција на годината“ на овогодишниот фестивал Голден Драм, кој се одржа минатата недела во Порторож. Ова престижно признание, заедно со сребрената награда во категоријата креативна ефикасност и бронзената во категоријата надворешно рекламирање за кампањата „Стартап пакет“ на Халкбанк се резултат на посветеноста на Меккен Скопје кон иновации и извонредност во рекламната индустрија. „Овие …

Continue Reading

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, …

Continue Reading

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој се обрати по повод првите 100 дена работа. Љутков рече Скопје ќе има Универзална сала која ќе …

Continue Reading

Скопје и урбаните средини во Македонија се загадени оти граѓаните користат сѐ и сешто за греење, гасификацијата е топ приоритет, вели Меџити

Иако состојбата со загадениот воздух е лоша, министерот за животна средина и прв вицепремиер, Изет Меџити, вели дека, за вола на вистината, секоја година има подобрување во оваа насока. Тој уверува дека интензивно работат на подобрување на квалитетот на воздухот и најави посебни сектори за декарбонизација и за климатски промени во Министерството, покрај останатите мерки. „Мислам дека според сите анализи …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Меџити оствари средба со шефот на СЗО во РСМ Аким Али

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али. На средбата Меџити и Али изразија подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка, особено од причина што состојбите во животната средина директно се одразуваат на здравјето на граѓаните. …

Continue Reading