Македонија во Ереван, со победа ќе го обезбеди првото место во групата

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва од 18 часот, во Ереван, против Ерманија ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации. Македонија вечерва може да го обезбеди првото место во групата 4, во Ц-дивизијата во Лигата на нации. За да биде реализирано ова сценарио Македонија треба да победи во Ереван и во исто време да нема победник на …

Continue Reading

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Охрид присуствуваше на комеморацијата и изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд, поранешен прв министер на Шкотска. „Искрено сочувство по повод смртта на поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд кој вчера почина во Охрид за време на Вториот Форум за културна дипломатија што се одржа во ко-организација на Кабинетот на поранешниот македонски претседател …

Continue Reading

Покетино со победа дебитираше на клупата на САД

Маурисио Покетино успешно го започна мадатот на клупата на Соединетите Американски Држави. САД ја совлада Панама со 2:0 во пријателски натпревар. Поранешниот тренер на Тотенхем, ПСЖ и Челзи со овој меч официјално дебитираше на клупата на Америка. Четата на Покетино до победата ја предводеа Јунус Муса и Рикардо Пепи, кои ги постигнаа головите. „Многу добро чувство. Беше навистина тежок натпревар …

Continue Reading

Русија ја нападна Украина со 68 дронови

Русија синоќа истрела 68 беспилотни летала и четири ракети врз Украина, соопшти украинската армија. „Две балистички ракети Искандер-М ги погодија регионите на Полтава и Одеса, а две ракети Х-59 беа лансирани кон регионите Чернихив и Суми“, соопштија украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм. Украинските сили за противвоздушна одбрана, наводно, уништиле 31 дрон.

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Европскиот првак Де Ла Фуенте работи без договор

Луис Де Ла Фуенте има 63 години и за 12 години служба во Кралската шпанска фудбалска федерација и донесе на својата земја три европски шампионски титули, во малдиснките категории У19 и У21 и во сениорска конкуренција, како и една Лигата на нации. Со победата над Данска синоќа во Мурсија, овој стручњак од Ла Риоха стана статистички најуспешен селектор во историјата …

Continue Reading

Косовски државјанин превезувал стока без документи, полицијата го приведе

МВР информира дека вчера околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока …

Continue Reading

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка дава поддршка за младите и за нивниот развој во висококвалификувани кадри, кои понатаму ќе придонесат за економскиот и за општествениот развој на земјата и за нејзината европска иднина. За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка, Анета Крстевска ги примија стипендистите на Европскиот форум Алпбах (ЕФА) ‒ Александар Каратошо, Бесар Бекири, …

Continue Reading

Омилена работа на претходната власт била местење тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека одговорот е руинирани институции, корупција и криминал, омилена работа на претходната власт била местење тендери. „Во низата скандалозни тендери се и оние во РЕК Битола. Спорни и според Државната ревизија се тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски …

Continue Reading

СДСМ: Запалени возила, а сторителите непознати, со Тошковски улиците се како Див Запад

Дури седум возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа, реагираат од СДСМ и додаваат дека неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена. „Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на …

Continue Reading