Филипче: Муртезани секој ден го демантира Мицкоски, бараме итна затворена седница

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во Владата има спротивставени ставови за евроинтегративните процеси на Македонија и тоа е уште поголема причина за собраниска седница на која премиерот Мицкоски треба да ги каже плановите на Владата за напредокот на земјата. Филипче смета дека спротивставените ставови на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања …

Continue Reading

Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и за услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во новите простории на министерството за дигитална трансформација, пред медиумите и граѓаните го презентираше сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада. Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI. „Аплицираме на програма на Европската унија која ќе ни овозможи да развиеме …

Continue Reading

Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше на свеченоста по повод откривање на биста на првиот претседател на самостојна Македонија, патрон на училиштето. Говорејќи за ликот и делото на претседателот Глигоров, Филипче истакна дека тој оставил силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движел земјата. „Тој беше …

Continue Reading

Град Скопје: Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса, веднаш да ги подмират своите обврски

Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства. Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална …

Continue Reading

(Видео) „Со СДС и ДУИ во Национални шуми се издавани испратници за исечено дрно без воспоставен регистар, сметководствена евиденција и контрола“, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ и нивните кадри во Национални шуми го уништиле ова претпријатие. Седум години Национални шуми тоне во долгови, а е прептријатие кое продуцира вредност и може да биде не само себе одржливо, туку и да генерира извесен приход за буџетот“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Државниот Завод за Ревизија во извештајот за работата на МЗШВ …

Continue Reading

Тешко повредена пензионерка, со возило удрена во Скопје

На 08.10.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор  на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од …

Continue Reading

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз. На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот …

Continue Reading

Шеесетмина се затруле на Воената академија, Мисајловски, место храна, сега им исплаќа пари

Вкупно 60 луѓе се затруле од храната на Воеаната академија минатиот месец, извести денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во отчетот за сработеното во првите 100 дена од новата Влада. Договорот со компанијата што ја обезбедува храната е еднострано раскинат, а вработените добиваат пари место оброк. Министерот Мисајловски вели дека течат законските рокови по раскинувањето на договорот со досегашната компанија, …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Дрвокрадци во прилепско нападнале полицаец и со нивното го оштетиле службеното полициско возило

Вчера кај место викано „Поводеници”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација. Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило. Дрвната маса е одземена и предадена на …

Continue Reading