Кривични против четворица царински службеници, на струмичанец му пресметале помал износ на ДДВ и давачки за увоз
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(35), В.М.(44), Д.М.(49) и С.М.(39), сите царински службеници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 25.07.2023 на работното место на граничен премин Табановце, за влез во државата, пријавените на едно лице од Струмица му пресметале помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз, со …
Continue Reading
Малолетник од Делчево тешко се повредил додека работел во дворот, се расчистува случајот
На 02.10.2024 во 17.03 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите од остар предмет додека работел во дворно место од куќа во Делчево. За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
Continue Reading
Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 20. Виз Ер Скопски маратон
Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на …
Continue Reading
Измамена жена од Тетово: со изговор дека треба да размени девизи за да и плати, лицето излегло со производи и не се вратило
Вчера во 14.40 часот во СВР Тетово, 29 – годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето влегло во продажниот објект каде што работела и одбрал производи за кои требал да плати 3050 денари. Како што е пријавено, со изговор дека има само девизи и дека треба да ги размени за да плати, лицето …
Continue Reading
ЈСП: Превозот утре од 18:00 до 2:00 часот наредниот ден ќе биде бесплатен
На 5 октомври 2024 година, сабота, поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
Continue Reading
Skopje Tattoo Show ќе го обои градот со уметност, култура и креативност
– Подгответе се за единствениот настан од светски размери каде се претставува уметноста преку мастило. Скопје ќе биде домаќин на втората интернационална конвенција за тетовирање, Skopje Tattoo Show 2024, која ќе се одржи на 12 и 13 октомври во Skopje Event Center. Skopje Tattoo Show ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето – …
Continue Reading
Кривична против двајца скопјани, испукале повеќе куршуми во воздух по спортски натпревар
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б.(32) и А.Б.(36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 08.10.2023 во село Цветово, скопско, по завршување на спортски натпревар, пријавените од пиштоли испукале неколку куршуми во воздух.
Continue Reading
Кривична против велешанка, користела туѓа платежна картичка и одзела 187 илјади денари
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ј. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, извести МВР. Пријавената, во периодот од јануари 2024 до август 2024, повеќекратно ја искористила платежната картичка на друго лице, при што предизвикала материјална штета од 187.133 денари.
Continue Reading
26-годишен државјанин на Косово осомничен за спречување на полициска акција
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик. На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“. Косовскиот државјанин, со …
Continue Reading