Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор

„Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални. „Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат …

Continue Reading

Милошоски: Изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија е направен надвор од Судскиот совет

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците изјави дека изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија, не бил „избран“ на седница на судскиот совет, туку надвор од него, од страна на раководството на претходната Влада. „Лорета Ѓорѓиева има една квалификација за поранешниот судија Наќе Ѓорѓиев, а тоа …

Continue Reading

Вучиќ: На 24 ноември ќе ја отвориме брзата пруга Нови Сад – Суботица; За две години Белград-Будимпешта за 2 часа и 40 минути

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека на 24 ноември ќе биде отворена новоизградената делница на брзата пруга од Нови Сад до Суботица. Вучиќ, за време на тестирањето на пругата со специјален воз на германските железници, рече дека кога ќе се отвори пругата, од Белград до Суботица ќе бидат потребни само еден час и 10 минути. Тој додаде дека при …

Continue Reading

Митева до Дамева: Судскиот совет треба да одговори дали правдата е задоволена, а не да зборуваме за статистики

„Сметам дека е многу некоректно да давате класификации и дефиниции за тоа од каде е добиен тој процент на доверба и тоа го темелите врз основа на решените или нерешените предмети во извештајот“, се осврна Марија Митева, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во собраниската комисија на тема Извештај на ЕК за Македонија за 2023 година. Митева појаснува дека не …

Continue Reading

Василевска: Разочарувачки е годишниот извештај за работата на судскиот совет за 2023 година

Годишниот Извештај за работата на судскиот совет на Република Македонија за 2023 година е разочарувачки, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Таа продолжи и додаде: „Немаме доверба во судството, бидејќи тоа е партизирано, кронизирано. Политички спреги влијаат на развојот на каририте во судско обвинителскиот систем. Има луѓе кои се …

Continue Reading

Средба Мисајловски – Бејер: интеграцијата на нашата земја во ЕУ е највисок државен приоритет

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со Питер Бејер, германски пратеник во Бундестагот. На средбата се разговараше за долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и за иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области. Мисајловски изрази благодарност на Германија за досегашната силна поддршка во евроинтегративните процеси и истакна дека интеграцијата на нашата земја во Европската Унија …

Continue Reading

Малолетници се степале во автобус на ЈСП

Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет. Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

Едукацијата, забавата, креативноста и корисните навики за штедење се во фокусот на активностите, кои Халкбанк АД Скопје ќе ги посвети на децата во текот на октомври – месецот на штедење. Во центарот на овие активности е едукативната друштвена игра „Мистериите на планетата Ѕвездалија“, која e креирана и произведена во Македонија. Оваа игра на децата ќе им овозможи преку интеракција и …

Continue Reading

Уапсен малолетник: со нож повредил друг малолетник во скопски Карпош

Вчера во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading