Министерот за европски прашања Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ

На денешната седница на Владата, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, а за заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков. На оваа седница, исто така, беше задолжено Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување …

Continue Reading

Тошковски на конференција во рамки на Берлинскиот процес: неопходна е координација за справување со илегалната миграција

Денеска делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски учествува на конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија. Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на оваа иницијатива, беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму Берлинскиот процес може …

Continue Reading

Запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, огнот се проширил: кривична пријава за стружанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено на 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К, соопшти полицијата.

Continue Reading

Филков – Солдатов: изразена подготвеност за продолжување на соработката во областа на бесплатната правна помош, зајакнување на капацитетите на затворскиот систем, економскиот криминал

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со раководителот на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, Олег Солдатов и претставници од Програмската канцеларија на Совет на Европа. На средбата се дискутираше за соработката на Министерството за правда за проектите кои се имплементираат во рамките на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, а се поврзани со работата на …

Continue Reading

Циклонот „Борис“ во четврток пристигнува во Италија

Циклонот „Борис“, бранот од екстремни временски услови што предизвика поплави во Централна и Источна Европа и однесе најмалку 19 животи, се очекува да се врати во Италија во четврток откако минатиот четврток ги мина Апенините, соопштија денеска италијанските метеоролози. Италија веќе е во состојба на готовност, особено во регионите Емилија Ромања и Марке, поради очекуваните поплави, кои претходно ги зафатија …

Continue Reading

Битиќи: Задолжувањето од Унгарија е економско предавство, удар врз домашните компании

„Државата се доведува во ситуација со пари на граѓаните евентуално да финансираат странски фирми, наместо домашните. Овој заем е удар за домашните компании, нивно исфрлање од економската орбита на оваа Влада. Ова е удар врз трудот на македонските бизниси, економско предавство на татковината“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Собранието на која се расправа за Предлог …

Continue Reading

Муцунски на средба со Алелер ја изрази благодарноста за континуираната поддршка од САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер. На средбата се разговараше за претстојното Генерално собрание на ООН, евроинтеграциите на Северна Македонија и важноста од забрзување на процесот, што би придонело за економски развој, подобрување на владеењето на правото и борба против корупцијата.  Министерот Муцунски ја изрази благодарноста за континуираната …

Continue Reading

Таткото на Перез заврши во болница по инцидентот во Баку

Антонио Перез Гарибај, таткото на Серхио Перез, возачот на Формула 1 тимот на Ред Бул, итно бил префрлен во болница во Мексико Сити, неколку минути откако неговиот син се судри со Карлос Саинц во претпоследниот круг од Големата награда на Азербејџан во Баку. Медиумите објавија дека Перес сениор бил во прединфарктна состојба, бидејќи неговите роднини го нашле без свест во …

Continue Reading

Петрушевски: По дебаклот на изборите, СДС не знае кај тера, парите од заемот ќе се инвестираат кај граѓаните и македонската економија

Очигледно е дека после дебаклот на последните избори, СДСМ тотално го загуби правецот на делување и тоа се гледа во последните нивни политики, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собранискита говорници каде што се дискутира за законското решение за заемот од 500 милиони евра од унгарската влада. Петрушевски истакна дека е срамота за еден поранешен вицепремиер за економски прашања, …

Continue Reading