Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на дискусијата „Младите и внатрепартиската демократија“
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на дискусијата „Младите и внатрепартиската демократија“, што се одржа во Кабинетот на Претседателот по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата. Во дискусијата учествуваа подмладоци од политичките партии во земјава кои ги претставија своите погледи и искуства за улогата и положбата на младите во политичките партии кадешто членуваат и разменија идеи и препораки …
Continue Reading
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во земјата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во земјата, Рита Колумбиа. Честитајќи за именувањето на функцијата, министерот Муцунски изрази уверување за натамошно продолжување и зајакнување на заемната соработка со агенциите на Обединетите нации. На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка со Канцеларијата на резидентниот …
Continue Reading
Фудбалер од Турција пријавил дека бил нападнат од вработен во „ФК Вардар“ по вчерашниот натпревар
Фудбалер на ФК Гостивар, во МВР вчера пријавил дека бил нападнат од вработен во ФК Вардар по натпреварот. „На 15.09.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, А.П.(33) од Република Турција, фудбалер на ФК Гостивар, пријавил дека околу 16.50 часот на стадион во Скопје, по завршување на натпревар помеѓу фудбалските екипи на ФК Гостивар и ФК Вардар, бил физички нападнат од …
Continue Reading
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол. Пренесен е во приватна болница за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење
Новиот директор на „ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија“, Петар Милетиќ, оствари средба со засегнатите страни со цел да се реши прашањето за приклучување кон системот за централно греење во новоизградените и објектите, кои се во изградба на потегот помеѓу булеварот Борис Трајковски и улиците Михаил Чаков, Народни херои и Лазар Димитров. „Поради неажурноста и неодговорноста на претходното раководство, топловодот не …
Continue Reading
Маж удрил по малолетниот брат, жена по сестра си – семејно насилство во Скопје
Физички нападнати се две лица од нивните брат и сестра во одделни случаи вчера во Скопје. Полицијата изврши службен разговор со Н.С.(20) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 00.30 часот на подрачјето на Чаир физички го нападнал својот малолетен брат. Истиот ден во 12.15 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека, по претходна расправија, била …
Continue Reading
Автомобил управуван од младо момче се запалил во движење во Карпош
Вчера во Скопје, на подрачјето на Карпош, настанал пожар во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Б.(21) од Скопје. Од екипа Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, објави МВР во дневниот билтен. Извршен бил увид.
Continue Reading
Скопјанец нападнат во својот автомобил во Аеродром, донесен со повреди во болница
Синоќа во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен М.Р.(29) од селото Батинци, скопско. Според пријавеното, на подрачјето на општина Аеродром тој, додека бил во своето возило „фолксфаген“ бил нападнат од едно лице, кое употребило остар и тврд предмет и му нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Continue Reading
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: „Побаравме објаснување од бугарската страна за фотографирањето“
Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, соопшти Министерството. Во разговорот со бугарскиот амбасадор било потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска …
Continue Reading