Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во земјата

k1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот Резидентен координатор на ОН во земјата, Рита Колумбиа.



Честитајќи за именувањето на функцијата, министерот Муцунски изрази уверување за натамошно продолжување и зајакнување на заемната соработка со агенциите на Обединетите нации.

На средбата беа разменети мислења за досегашната соработка со Канцеларијата на резидентниот координатор и тимот на Обединетите Нации и имплементацијата на постојните проекти. Заеднички беше поздравен ангажманот на ОН кој има за цел да го зајакне капацитетот на земјата во клучните сектори и да ја промовира реформската агенда потребна за исполнување на барањата за пристап во Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK