Во Германија уапсен Сириец осомничен дека планирал напад врз војници
Германските власти денеска соопштија дека спречиле исламистички напад врз војници планиран од Сириец. Осомничениот (26) е уапсен во четвртокот веднаш откако купил „две мачети“ со кои планирал да нападне германски војници на место во Баварија, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство во Минхен. Според обвинителството, тој планирал да преземе акција „за време на паузата за ручек на војниците и …
Continue Reading
Внуката на Мусолини ја напушта партијата на Џорџа Мелони оти била премногу десничарска
Внуката на поранешниот италијански диктатор Бенито Мусолини, Ракел Мусолини, изјави дека ја напушта партијата „Браќата на Италија“ на премиерката Џорџа Мелони, бидејќи е премногу десничарска и дека ќе премине во партијата „Напред Италија“. „Напред Италија“ е дел од владејачката коалиција, но се смета за полиберална по прашањето за граѓанските права, пишува Гардијан. „Време е да свртам друга страница и …
Continue Reading
Гинекологот осуден за силување, отстранет од болницата во Осиек
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска по седницата на владата изјави дека гинекологот од Клиничката болница во Осиек, кој е осуден за силување на пациентка, повеќе не работи во таа болница. Гинекологот е отстранет од болницата откако во јавноста протече информацијата дека неправосилно осудениот силувач се уште работи во болницата, а во меѓувреме друга пациентка го обвини за злоупотреба. …
Continue Reading
(Видео) Снег на Алпите, предупредувања за поплави во делови од Европа
Обилниот снег го попречува сообраќајот на Алпите, додека јужна Германија, Австрија и Чешка имаат црвени предупредувања поради обилните врнежи. Австриските железници ги запреа возовите меѓу Салцбург и Клагенфурт поради снег и упатија национален апел за доцнење на патувањето. Снег веќе паѓа на височините од 700 метри, а на повисоките во четирите дена до понеделник се очекуваат и до 200 сантиметри …
Continue Reading
Меџити со унгарскиот амбасадор Клеин: двете влади тесно соработуваат во насока на забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин. Меџити ја поздрави сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија. Двајцата соговорници се согласија дека двете влади тесно соработуваат во насока …
Continue Reading
Песков: Не се согласуваме со Ердоган, Крим да се врати под контрола на Киев
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не се согласува со изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Крим треба да се врати под контрола на Украина. Песков рече дека ова е точка на несогласување каде што „руските мислења целосно се разминуваат“ од оние на Турција, но дека Москва ќе продолжи да ја објаснува својата позиција на …
Continue Reading
Роналдо на социјалните мрежи има една милијарда следбеници
Кристијано Роналдо, во текот на кариерата постави многу рекорди, некои од нив веројатно засекогаш ќе стојат на првото место. Португалецот, денеска постави уште еден рекорд кој му го овозможи големата популарност. Кристијано Роналдо, на сите социјални мрежи, дојде до бројката од една милијарда следбеници. „Ние создаваме историја, милијарда следбеници! Ова е повеќе од обичен број, ова е признание за нашата …
Continue Reading
Се урна борбен авион во Бугарија: падобраните не се отвориле, се стравува дека има жртви
Борбениот авион Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесува Новините. За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Се уште не е познато што се случило со нив. Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска учествуваше како копилот на демонстрацијата …
Continue Reading
„Никој не се сеќава дека снегот паднал вака рано“: Делови од Германија забелеа, а прогнозите се уште подраматични
Германската метеоролошка служба (ДВД) предупреди на значителни, континуирани дождови во делови на Саксонија. Метеорологот Доминик Јунг изјави за „Билд“ дека се што тие предвидувале сега се остварува. „Претпоставувам дека ќе падне на 100 литри во Сконија и 150 до 200 литри во Баварија. Нивото на водата ќе се зголеми. Ќе има поплави, но се уште не е јасно колку ќе …
Continue Reading