Песков: Не се согласуваме со Ердоган, Крим да се врати под контрола на Киев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не се согласува со изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Крим треба да се врати под контрола на Украина.



Песков рече дека ова е точка на несогласување каде што „руските мислења целосно се разминуваат“ од оние на Турција, но дека Москва ќе продолжи да ја објаснува својата позиција на „своите турски пријатели“, пренесува Риа Новости.

Русија ја презеде контролата врз Крим од Украина и го анектираше во 2014 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата повтори дека Турција го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, истовремено нагласувајќи ја нејзината континуирана поддршка за правата на Крим.

„Нашата поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива. Враќањето на Крим на Украина е барање во согласност со меѓународното право“, рече Ердоган во видео порака емитувана на четвртиот самит на лидерите на Кримската платформа, јавува „Anadolu Agency“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK