Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Гостивар – Кичево

Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар – Кичево, соопшти АМСМ. „Вечерва од 21.20 часот на магистралниот пат А2, Гостивар – Кичево, сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Истиот ќе се пренасочува преку с.Рабин“, се истакнува во соопштението од АМСМ.

Continue Reading

Момче падна од 13 кат на брод за крстарење

Крстарење од соништата на бродот „Хармонија на морето“ се претвори во хорор кога загина 12-годишно момче, паѓајќи од балкон на 13-ти кат на последниот ден од патувањето. Неколку илјади луѓе се наоѓаа на палубите на бродот за крстарење, еден од најголемите во светот, кој се приближуваше до пристаништето Главстон, Тексас, на крајот од неговото седумдневно патување на Западните Кариби. Очевидци …

Continue Reading

Две жени се прогласени за виновни а Брижит Макрон доби осум илјади евра отштета за тврдењата дека го сменила полот

Париското обвинителство потврди за порталот „Политико“ дека две жени се прогласени за виновни за клевета и им е наложено да платат отштета од неколку илјади евра поради ширење лажни гласини дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е родена како маж и живее како трансродова жена. Самопрогласените независни новинари и водители на каналот Јутјуб, во видео од 2021 година, без …

Continue Reading

Нетанјаху: Треба да се изврши поголем притисок врз Хамас да го прифати предлогот за новиот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека треба да се изврши поголем притисок врз палестинската милитантна група Хамас да го прифати новиот предлог за договор за Газа, откако Хамас рече дека е подготвен само да прифати договор за прекин на огнот без нови услови. Главниот американски преговарач, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, во саботата изјави дека подетален предлог за прекин …

Continue Reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ИПА ОХРИД

По повод претстојниот 67 светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) кој од 17 до 22 септември оваа година, ќе се одржи во Охрид, денеска градоначалникот Кирил Пецаков оствари работна средба со претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски и началникот на СВР Охрид Игор Смилевски, кој е генерален секретар на ИПА Охрид. Притоа, претседателот Димоски, на градоначалникот Пецаков, му врачи …

Continue Reading

Брнабиќ: Ситуацијата на Косово е најсериозна досега, Курти сака да започне војна

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, истакна дека ситуацијата на Косово е најсериозна досега, бидејќи очигледно премиерот Албин Курти, сака етничко чистење на Србите и да предизвика конфликт со Белград. „Тоа е затоа што ми се чини дека Курти нема друг избор или излез од својата политика, освен да предизвика вооружен конфликт, односно војна со Белград и затоа е …

Continue Reading

Сијарто: Мирот и стабилноста на Балканот се приоритет за Унгарија, која претседава со ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска во Будимпешта дека мирот и стабилноста на Балканот се приоритети за неговата земја, која во моментов претседава со Европската унија. „Унгарија е земја претседавач со ЕУ, а мирот и стабилноста на Балканот се наш приоритет“, рече Сијарто на прес-конференција во Будимпешта. Тој оцени дека во Европа „има лицемерие, бидејќи еден дел …

Continue Reading

Грција околу германскиот план за построга контрола на границите: „Тие беа дарежливи кон мигрантите“

Грчкиот премиер Киријакос Митотакис денеска изјави дека планот на Германија за воведување построга контрола на копнените граници е еднострано откажување на шенгенската граница и ќе ги оптоварува земјите од фронтот како Грција. Германија оваа недела објави дека проверките во зоната за слободно движење ќе започнат на 16 септември и првично ќе траат шест месеци додека земјата се обидува да ја …

Continue Reading

Димовски-Рокас: во фокусот предизвиците во забрзување на процесот на отворање на преговорите

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската Унија, Михалис Рокас. Честитајќи му на амбасадорот за новата должност, Димовски му се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на делегацијата на ЕУ на нашиот евроинтегративен процес. Основните точки во отворениот и плоден разговор беа ставени на активностите на Владата во …

Continue Reading