Две жени се прогласени за виновни а Брижит Макрон доби осум илјади евра отштета за тврдењата дека го сменила полот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Париското обвинителство потврди за порталот „Политико“ дека две жени се прогласени за виновни за клевета и им е наложено да платат отштета од неколку илјади евра поради ширење лажни гласини дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е родена како маж и живее како трансродова жена.



Самопрогласените независни новинари и водители на каналот Јутјуб, во видео од 2021 година, без докази изјавија дека Брижит Макрон е родена како Жан-Мишел Троње и дека подоцна го сменила името и полот.

Во судењето учествувал и самиот Троње, кој всушност е брат на првата дама на Франција, додава „Политико“.

Лажните тврдења се проширија многу подалеку од Франција, а потоа беа поттикнати од теории на заговор и коментари од екстремно десничарски интернет фигури, како што е американскиот конзервативен коментатор Кендас Овенс, пренесува медиумот.

Обвинителството во Париз соопшти дека двете жени се казнети со по 500 евра, а на Брижит Макрон им е наложено да и платат 8.000 евра и 5.000 евра на нејзиниот брат на име граѓанска отштета.

Во едно интервју во 2022 година, Брижит Макрон рече дека на почетокот ги игнорирала лагите, но на крајот решила да се соочи со нив директно бидејќи тие ги погодиле нејзините родители и семејството, кои поседуваат и водат ланец на познати чоколадни продавници во северна Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK