Путин: Русија може да го ограничи извозот на стратешки суровини како ураниум и титаниум

Русија може да воведе ограничувања за испорака на одредени суровини во странство, доколку тоа не и наштети на нејзината економија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата. „Русија е лидер во резервите на голем број стратешки видови суровини. За некои видови што ги доставуваме во големи количини на светскиот пазар можеби треба да разгледаме и …

Continue Reading

Мицевски: Несериозно е пратениците од опозицијата да бидат надвор кога во Собрание треба се гласа за битни закони како за зголемувањето на пензиите

Пред очите на македонската јавност се случува политиканство. Цел ден се пробува да се направaат опструкции на дневниот ред и да се попречи донесувањето на битни закони за граѓаните на Република Македонија, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Мицевски посочи дека да се биде надвор од салата кога во Собранието треба да се …

Continue Reading

Пожар на Света Гора: Огромен број пожарникари на терен, огнот зафаќа се пред себе

Голем шумски пожар избувна денеска на Света Гора. Пожарот зафатил шумска површина во Арабискиот регион, а на терен се неколку противпожарни единици. #Πυρκαγια σε δασική έκταση στην περιοχή Αράπης Αγίου Όρους. Κινητοποιήθηκαν 45 #πυροσβέστες με 2 ομάδες πεζοπόρων της 2ης ΕΜΟΔΕ, 11 οχήματα και 2 Ε/Π. — Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) September 11, 2024 За гаснење мобилизирани се 45 пожарникари, 11 …

Continue Reading

Ердоган ја истакна поддршката на Турција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Турција го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. „Нашата поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина е непоколеблива. Враќањето на Крим на Украина е барање во согласност со меѓународното право“, рече Ердоган во видео порака емитувана на четвртиот самит на лидерите на Кримската платформа, јавува Anadolu Agency.  

Continue Reading

Сари: Имам луд сон, да станам тренер на Бока

Искусниот италијански тренер Маурицио Сари откри дека му остана уште еден сон кој го нарече луд. Да стане тренер на Бока Јуниорс. Човекот кој во својата богата кариера ги освои, меѓу другото, Скудетото и Лигата на Европа, повеќе од една година е без работа. – Мојот сон е да бидам тренер на Бока Јуниорс. Тоа би бил луд сон, не …

Continue Reading

Неколку помалку познати факти за никотинот

Кога се споменува никотин, првото нешто што паѓа на ум е пушењето и како тоа влијае врз организмот. Никотинот е супстанца која предизвикува зависност и се разбира дека не е без ризик. Многу луѓе поставуваат знак за еднаквост помеѓу никотинот и цигарите, но тоа е многу погрешно. Во продолжение неколку факти кои разјаснуваат многу: 1. Никотинот не е примарен причинител …

Continue Reading

Мисајловски – Ле Риголер: разговарано за одбранбената билатерална соработка

Добредојде и успешна дипломатска мисија му посака министерот за одбрана, Владо Мисајловски на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристов Ле Риголер на денешната средба во Министерството за одбрана. На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе, полковник Валери Санс, се разговараше за одбранбена билатерална соработка со Франција, која е активна повеќе од 28 години во областа на воено образование и …

Continue Reading

Намерно удрила со возилото во сограѓанин: кривична за жена од Пробиштип

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против С.С.(41) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 14.07.2024 во Пробиштип, пријавената со патничко возило, кое го управувала, намерно удрила во Н.В. од Струмица.

Continue Reading

Франција откри: Спречивме три напади на Олимписките и Параолимписките игри

Француските власти спречија три планирани напади на Олимписките и Параолимписките игри во Париз и другите градови кои беа домаќини на летни настани, изјави денеска националниот антитерористички обвинител Оливие Кристен. Тој рече дека заговорите вклучуваат планови за напад на „израелски институции или претставници на Израел во Париз“ за време на Олимписките игри, додека израелските спортисти не биле цел, пренесува АП. Вкупно …

Continue Reading