Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево

Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале  од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.

Continue Reading

Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР. Исто така, денеска …

Continue Reading

Нејмар падна на тестот

Бразилскиот фудбалер Нејмар не ја започна добро кариерата во Саудиска Арабија. Некогаш наречен „чудо од дете“, бразилскиот фудбалер Нејмар минатата сезона го напушти ПСЖ и за 90 милиони евра се пресели во Ал Хилал во Саудиска Арабија. На Саудијците не им се исплатеше бидејќи Нејмар одигра само пет натпревари и вкупно 386 минути за Ал Хилал. Договорот му гарантира околу …

Continue Reading

Три лица повредени во сообаќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Вчера е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат“ управувано од Б.П.(48) и возило „опел зафира“ управувано од М.М.(59) двајцата од Крива Паланка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира“ С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во …

Continue Reading

Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина, порача Мицкоски за 8 Септември

„Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите – 8 Септември, празникот на нашата независност“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својата Фејсбук страница по повод Денот на независноста. „На овој ден за прв пат се слушнаа зборовите: Да ви ја честитам …

Continue Reading

Максим Димитриевски: Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија

Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации.   Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас. Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на …

Continue Reading

Во текот на вчерашниот ден 38 пожари на отворено, активни се уште три

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31 пожар. Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во Општина Петровец, кај селата Градманци, Брезница и Катланово каде што гори нискостеблeста шума, во Општина Кичево во селото Арангел …

Continue Reading

Од строго чуван затвор во Португалија побегнаа петмина затвореници

Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти. Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во Цементарница УСЈЕ

(30.08.2024 – 05.09.2024) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) *** Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ  се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 …

Continue Reading