(Видео) Пронајдени две тела во Загреб: жена убиена во зграда, маж се самоуби во автомобил

Полицијата во Загреб извести дека денеска околу 15 часот пронашла тело на женско лице кое било убиено во станбена зграда во населбата Сопот во Нови Загреб, објавија хрватските медиуми. Во близина на зградата во автомобил бил пронајден маж кој извршил самоубиство. „Денеска околу 15.00 часот во Нови Загреб, Сопот, во зграда е пронајдено тело на женско лице, а смртта, според …

Continue Reading

Муцунски го прими новиот амбасадор на Бугарија: потврден заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков. Соговорниците го потврдија заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во областите од заемен интерес, низ процес на меѓусебен дијалог кој подразбира негување на пријателство, добрососедство и …

Continue Reading

ЦУК: Активни се девет пожари

Во текот на денешниот ден до 19 часот имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, а изгаснати се 18, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во: Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец. Моментално, најактивен е кај селата Штавица, Крушевица, …

Continue Reading

По несреќата во која загинаа татко и син, нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, при што животот го загубија …

Continue Reading

Ковачиќ е на прагот на сензационален трансфер, ќе заработува милион евра неделно

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ е на прагот на сензационален трансфер. Како што ексклузивно објави американски „Си-би-ес“, за неговите услуги се распрашува Ал Наср и е подготвен да плати цело богатство за членот на Манчестер Сити. Тимот од Саудиска Арабија наводно бил подготвен да му понуди плата од над милион долари неделно во последниот ден од преодниот рок, а по неговиот …

Continue Reading

Судскиот совет одлучи Обвинителство да го превземе случајот Фокуснет против Телеком

Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот за предметот на Апелациониот суд во кој фирмата Фокуснет од Штип бара од Македонски телеком 4 милиони евра. Извештајот беше усвоен со 12 гласа за, а во истиот се нотираат одредени пропусти во постапката и одлучи Основното јавно обвинителство да го преземе случајот. Пред седницата на Судскиот совет Фокуснет реагираше со соопштение …

Continue Reading

Поврзување на Македонија и Србија преку интерконекторот за гас – тема на средбата на потпретседателите Николоски и Стоилковиќ со министерката Бедовиќ Хандановиќ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во Белград остварија средба со министерката за рударство и енергетика Дубравка Бедовиќ Хандановиќ. „Имавме изворедна посета на Република Србија овие два дена, се сретнавме со целокупниот државен врв, политичките односи се одлични, треба да бидат следени и надградени и …

Continue Reading

Украинската влада доби девет нови министри

Украинските пратеници денеска гласаа за девет нови министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата и двајца вицепремиери. Тоа е најголемата реконструкција на владата на претседателот Володимир Зеленски од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Андриј Сибиха, искусен, но непознат 49-годишен дипломат, го презема Министерството за надворешни работи од Дмитро Кулеба, кој во последните години е едно од најпрепознатливите лица …

Continue Reading

Британските обвинители се откажаа од обвиненијата против Харви Вајнстин

Британските обвинители денеска соопштија дека ги отфрлиле обвиненијата против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин за непристојно допирање на жена. „По прегледот на доказите во овој случај, CPS одлучи да го запре гонењето на Харви Вајнстин“, рече Френк Фергусон, шеф на Специјалната единица за криминал и борба против тероризмот на Кралската обвинителска служба (CPS). „CPS има должност да ги разгледува сите …

Continue Reading