45-годишна жена пронајдена почината во нејзиниот дом на Бит Пазар
Вчера во 10.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар од членови на семејството била пронајдена почината Љ.Б.(45) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Continue Reading
Шчесни замина во пензија
Десет дена по објавата дека Јувентус го отпушти Војчех Шчесни (34), полскиот голман ја шокира јавноста со објавата дека заминува во пензија. Шчесни во 2017 година, од Арсенал за сума од 19 милиони евра пристигна во Јувентус како наследник на Џанлуиџи Буфон. Претходно осум сезони беше во Арсенал.. Откако доби отказ се поврзуваше со трансфер во Монца, но сепак тој …
Continue Reading
Прекин на услугите на УЈП на 29 и 30 август
Управата за јавни приходи информира дека спроведува активности за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги. Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира. Апелираат …
Continue Reading
Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување ја помина владината процедура
Предлог законското решение за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, предложено од Министерството за социјална политика, демографија и млади ја помина владината процедура и наскоро ќе се најде во Собранието пред пратениците. Со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 …
Continue Reading
Над 750 милиони евра од ЕУ предвидени за Северна Македонија од реформската агенда од планот за економски раст на Западен Балкан
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово одржаа заедничка прес-конференција на која ја информираа јавноста за Нацрт-Реформската агенда од Планот за економски раст на Западен Балкан на Европска Унија. Според информацијата проследена од Европската комисија, според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, како …
Continue Reading
Кепа замина на позајмица – Челси сега во ростерот има „само“ пет голмани
Кепа Аризабалага (29) е новиот голман на англискиот клуб Борнмут. Тој заминува на едногодишна позајмица од Челзи, со кој претходно го продолжи договорот до летото 2026 година, објави Фабрицио Романо. Кепа минатата сезона беше на позајмица и во Реал Мадрид, каде беше доведен на местото на Белгиецот Тибо Куртоа, кој тешко се повреди на подготовките пред стартот на сезоната. Меѓутоа, …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Првпат по 20 години целосна реконструкција на Христо Татарчев крак 1, 7, 9 и 11
Продолжува да се менува ликот на Кисела Вода. За првпат досега се реконструира ,,Христо Татарчев” крак 1, 7, 9 и 11. Се работи за обемен потег на околу 3200 квадратни метри површина. Сообраќајници кои никогаш досега не биле обновени, а таков зафат бил потребен уште пред децении. „Денес работиме на целосна реконструкција на краците 1, 7, 9 и 11 од …
Continue Reading
Мик Шумахер се враќа во Формула 1?
Мик Шумахер, син на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, би можел да се врати на гридот. Шумахер во последните 18 месеци е резервен возач во тимот на Мерцедес. Мик Шумахер (25) возеше за тимот на Хаас во 2021 и 2022 година. Не помина добро. Во првата сезона за Хаас беше 19-ти во поредокот кај возачите, а во втората заврши …
Continue Reading
Белоруски активист до судиите во Србија: Не ме екстрадирајте, таму ме чека смрт
„Не ме екстрадирајте таму каде што ме чека смртта“, изјави белорускиот новинар и активист Андреј Гњот пред судскиот совет на Апелацискиот суд во Белград, кој треба да одлучува по жалбата на одлуката за негова екстрадиција во Белорусија поради наводно затајување данок. По повод рочиштето, пред зградата на судот се одржа протест на солидарност, а поголема група европски режисери, актери и …
Continue Reading