Лоша е здравствената состојба на Бора Чорба, поставен е на респиратор за дишење

Здравствената состојба на српскиот музичар Борислав Ѓоргевиќ – Бора, познат и како Бора Чорба, се влоши во последните неколку дена, а неговиот менаџмент објави дека е хоспитализиран во Словенија. Како што досега е соопштено, Бора Чорба има тешка пневмонија, а од вчера е поставен и на респоратор. Тој беше хоспитализиран во болница во Љубљана пред три дена поради проблеми со белите дробови.

Continue Reading

Возач со автомобил падна во Вардар во Скопје

Во СВР Скопје изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. Како што соопшти МВР, В.К. е пренесн во ГОБ „8-ми Септември“ за укажување на помош.

Continue Reading

Претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=8 Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната …

Continue Reading

Страшна сообраќајка во Србија, еден загинат и 14 повредени во судир на камион и автобус

Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на Новиот обреновачки пат во која учествуваа камион и автобус, загина едно машко лице, додека 14 лица се пренесени во Ургентниот центар, соопшти српското МВР. Итната медицинска помош соопшти дека петмина од повредените се во критична состојба. Припадници на МВР на Србија се на терен, …

Continue Reading

Обвинителството со жалба бара повисоки казни за случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелацискиот суд Скопје поднесе жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци, соопшти денеска Јавното обвинителство. Јавниот обвинител предлага Апелацискиот суд во Скопје да ја преиначи првостепената пресудата и на обвинетите Д.Б., Р.М., И.Ѓ. и Г.Д да им изрече повисоки казни затвор и …

Continue Reading

Во престрелка со полицијата во Гајре загина бегалец баран со потерница, пукал додека се обидувале да го уапсат

Осомничен во истрага за убиство вчера почина откако пукал во полицајците кои сакале да го приведат. Тие возвратиле и го раниле, по што починал на пат кон болница. Пукањето се случило во Гајре, село во општина Тетово во бркотница во која полицијата се обидела да го приведе осомничениот кој се барал со потерница, но тој наместо да се предаде, пукал …

Continue Reading

Детали за нападот во Солинген: По случаен избор ги избодел жртвите во врат

Три лица загинаа, а пет се тешко повредени синоќа во напад со нож во градот Солинген во западна Германија. Полицијата презеде „голема операција за пронаоѓање на осомничениот, кој побегнал во метежот и паниката што настана по злосторството“. Според извештаите на медиумите, маж по случаен избор ги избодел минувачите на фестивалот на прославата на 650-годишнината на градот. Локалниот весник Solinger Tageblatt …

Continue Reading

Изложба „Одблесоци“ од Слободан Милошески во Дортмунд

Изложба  „Одблесоци“ од авторот Слободан Милошески ќе биде отворена утревечер (18:00)  во Галерија  „Friedrich7“ во Дортмунд, Германија. Изложбата ќе биде составена од 16 скулпторски дела од галериски формат, а публиката ќе има прилика да ја посети поставката до 7 септември. Историчарот на уметност проф. д-р. Џемил Бектовиќ во својата критика по повод изложата наведува дека „Одблесоци“ е волшебна изложбена поставка …

Continue Reading

Гужви за влез и излез на Табановце

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се пепорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно …

Continue Reading