Наставниците не се депримирани само поради платите, туку и од почитта од родителите и учениците: Јаневска засега не гледа можност за зголемување на средствата

По вчерашната изјава на министерка за образование и наука Весна Јаневска дека нема да има зголемување на платите на наставниците, од СОНК рекоа дека следува 12 проценти зголемување и ќе остават простор за дијалог до 15 септември. Министерката беше запрашана дали би ја сменила одлуката. „Секако дека ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да …

Continue Reading

(Видео) Како може ова да не е гол!?

Фудбалерите на Челзи не блескаа, но на крајот ја победија екипата на Сервет (2:0) во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групната фаза од Конференциската лига. Лајт-мотив од овој натпревар е неверојатното промашување на новиот напаѓач на Челзи, Марк Гу, кој не успеа да ја смести топката во празна мрежа. Шпанецот во 53. минута му ја украде топката на …

Continue Reading

Лидерот на Хамас додаде лично барање на листата за примирје со Израел: „Не ме убивајте“

Лидерот на Хамас и организатор на нападите на 7 октомври, Јахја Синвар, кој претходно изјави дека ќе му биде чест да умре борејќи се со Израел, сега го поставил сопственото преживување услов за каков било прекин на огнот во Газа, според новите извештаи. Синвар, наводно, истакнал дека неговата безбедност мора да биде загарантирана и дека Израел не смее да се …

Continue Reading

Македонските доајени од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ во недела во Крива Паланка

Македонските доајени на музичката естрада, кои се дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, ќе ја исполнат кривопаланечката сцена, во недела, 25 август, во 20,00 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Проектот „Македонијо во срце те носиме“ се состои од 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 познати македонски изведувачи, со нови современи аранжмани од композиторот Николче …

Continue Reading

ДУИ: Меџити и Таравари јавно се пофалија за ослободувањето на Блерим Рамадани

„Со пофални објави на нивните Фејсбук профили, џентлмемот и претприемачот градител Изет Меџити и д-р Арбен Таравари побрзаа да ја преземат заслугата за „ослободувањето“ на поранешниот војник на ОВК. МВР и Обвинителството мора да ги викнат на распит и да одговараат за нивната улога во „ослободувањето“ на Рамазан!“, велат од ДУИ. „Дали најконкретно Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши и …

Continue Reading

Љутков: Струшките вечери на поезијата се најголем промотор на македонската и на современата светска поезија

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, синоќа на свеченото отворање на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“ истакна дека оваа престижна манифестација, благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблираше како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија. „Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности …

Continue Reading

„Во НБА играчите не би го толерирале тоа што го прави Жељко Обрадовиќ“

Турскиот центар Алперен Шенгун, познат и по крекарот „Бејби Јокиќ“ ги откри разликите меѓу НБА и европската кошарка. Центарот на Хјустон го спомна Жељко Обрадовиќ, за кого тврди дека не би се снашол најдобро во најсилната лига на светот. „Работите не би функционирале, играчите не би го трпеле тоа. Играчите не би го толерирале тоа што го прави Обрадовиќ. Во …

Continue Reading

„Пожарникарите можеле само да ги изнесат телата“: Градоначалникот на Нови Сад ќе прогласи Ден на жалост за пожарот во кој загина шестчлено семејство

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска и се обрати на јавноста во врска со пожарот кој избувна во раните утрински часови во Нови Сад во кој животот го загубија шест лица. Како што истакна, пожарникарите кои го гаснеле пожарот можеле да ги изнесат само телата на настраданите. – Нови Сад уште еднаш го погоди трагедија во која загинаа шест …

Continue Reading

Герасимовски: Инсталирањето на паметното осветлување продолжува и кај Градски ѕид

Започна поставувањето на светилките ТИП 4 кои се и последна фаза на паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 4а и Тип 4б се декоративни светилки и ќе бидат инсталирани на пешачки патеки и споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Ќе бидат поставени вкупно 261 парчиња, а денес инсталирањето започна од …

Continue Reading