Најмалку 11 лица загинаа во израелските напади на северот на Газа

Најмалку 11 лица загинаа утрово во израелски напад врз станбена зграда во градот Беит Лахиа во северниот дел на Газа, објави палестинската агенција Вафа. Медицински извори соопштија дека повеќето од загинатите се деца и жени, бидејќи нивните тела пристигнале во болницата Камал Адван. Најмалку 25 лица загинаа вчера попладне во серија воздушни напади врз куќи, училишта и шатори во кои …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 4,2 степени во близина на Родос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала се случи рано утринава во близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 26 километри југозападно од Катавија, а длабочината на фокусната точка е проценета на 28,8 километри, соопшти Геодинамичкиот институт. Засега не е пријавена штета, пренесува Прототема.

Continue Reading

Тејлор Свифт: Чувствував страв и вина поради откажувањето на концертите во Виена

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт изјави дека ја обземал страв откако властите открија план за напад на концертот во Виена. Австриската полиција уапси 19-годишен маж за кој рекоа дека признал дека сакал да предизвика „крвопролевање“ на турнејата на пејачката, објави Ројтерс. „Откажувањето на концертите во Виена е срцепарателно, а причината за откажувањето ме исполни со ново чувство на страв и вина, бидејќи …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди автономната област Ксинџијанг во северозападна Кина, а засега нема информации за жртви, соопштија локалните власти. Земјотрес утринава го погоди градот Кука во префектурата Аксу во Ксинџијанг и се случи на длабочина од 15 километри, покажуваат податоците на Центарот за земјотреси во Кина, пренесува Ксинхуа. На 50 километри од …

Continue Reading

И утрово гужва за влез и излез на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, соопштуваат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања“, додаваат од АМСМ.

Continue Reading

Без струја делови од Гази Баба и скопски Сарај

Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска, ( четврток ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 04.30 до 15.00 часот, корисниците кои се напојуваат од приватните сопствени трафостаници Капитал, Рибник, Ергела и Радио Предавател, корисниците кои се напојуваат од трафостаниците на ЕВН Трубарево 6 и Маџари 28, корисниците од ул. 1 во населба Трубарево, како и дел …

Continue Reading

Денеска сончево време, попладне краткотраен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7 Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне …

Continue Reading

По светската премиера, „Патување пеш“ доаѓа дома

Документарниот филм кој ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, доаѓа во Скопје   По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ The Walk, денес, 22.08.2024, ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан. Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска …

Continue Reading