Брајтон купи напаѓач за 47 милиони евра

Брајтон го официјализираше трансферот на 22-годишниот француски напаѓач, Жорожињо Рутер. Рутер во Брајтон пристигна од Лидс со обештетување од 46,7 милиони евра, потпиша договор до јуни 2028 година. Кариерата, Рутер ја започна во Рен, кој го напушти во февруари 2021 година и се пресели во германски Хофенхајм за 750.000 евра. Во април минатата година, Лидс го купи за 41 милион …

Continue Reading

Лукашенко тврди дека Зеленски може да биде ликвидиран од неговите соработници: „Неговото опкружување може физички да го елиминира“

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко  изјави дека придружбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски може физички да го елиминира. „На крајот, истиот Кирил Буданов (шеф на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина) ќе испрати некого – вие Зеленски ќе бидете елиминирани како предавник. Тоа е тоа. Не треба да ја исклучиме оваа можност“, коментираше претседателот на Белорусија во …

Continue Reading

Голем дел од Крушево ќе остане без вода

ЈП „Комуна“ Крушево најавува дека дел од градот денес ќе остане без вода, Прекин на вода ќе има поради премостување на водоводна линија во домаќинство. Улиците кои ќе се соочат со прекин се следните: „Тодор Проески“, „Томе Никле“, „Ќиро Фетак“, „Мише Ефтим“ и „Благо Целев“. -Правиме интеревенција на водоводна линија во едно домаќинство. За премостувањето целосно да се спроведе мора …

Continue Reading

Севернокорејски војник пребегнал во Јужна Кореја

Севернокорејски војник пребегнал во Јужна Кореја, јавува новинската агенција Јонхап. Војникот бил приведен во североисточниот округ Госеонг, откако ја преминал границата, објави Јонхап, цитирајќи неименуван воен извор. Тој бил испрашуван за неговите мотиви за пребегнувањето, објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи неименуван претставник на јужнокорејската одбрана. Официјалниот претставник одбил да даде повеќе детали.

Continue Reading

Израелска армија: 40 ракети истрелани кон Израел од Либан

Околу 40 ракети биле истрелани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската висорамнина, соопшти израелската армија. Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“. Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко во либанска територија.

Continue Reading

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. UV=6 Во Скопје променливо …

Continue Reading

Без струја делови од неколку скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат: • од 05:00 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Студеничани и Моране. (Општината Студеничани) • во истиот термин од 05:00 до 12:00 часот и населените места: Орешани, Таор, Ново …

Continue Reading

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утринава погоди делови од Пакистан и предизвика паника кај жителите, а се уште нема извештаи за штета, соопштија властите. Епицентарот на земјотресот бил во југозападен Кашмир, претежно муслимански регион кој е поделен меѓу Индија и Пакистан, пренесува АП. Според Националниот центар за сеизмички мониторинг во главниот град на Пакистан, Исламабад, епицентарот …

Continue Reading

На Табановце за излез и влез зголемена фреквенција на возила

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштуваат од АМСМ. „На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања“, додаваат оттаму.

Continue Reading