Кумановец паднал во бунар, успешно е извлечен со помош на јажиња и појаси

Кумановските пожарникари вчера извадиле човек кој паднал во бунар, во кумановската населба Карпош, информираа  од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово како и од Територијалната противпожарна единица Куманово. Со помош на јажиња и појаси, успешно е извлечен човекот и предаден за натамошно лекување. Интервенцијата завршила во 13:50 часот, a човекот е во добра здравствена состојба.

Continue Reading

Прекрасна вечер со сопранистката Жанг и пијанистот Синадиновиќ

Кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ вчеравечер одржаа концерт во рамките на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ одекна прекрасниот глас на Жанг во пијано придружба на нејзиниот колега Синадиновиќ кој остварува настапи во престижни концертни сали. – Навистина поминавме прекрасна вечер. Јас ги сакам Македонците и Македонија затоа што целото детство го …

Continue Reading

(Видео) Момче сакаше да се слика со Леброн, Џејмс му кажа дека не може: снимка која ги подели фановите

Требаше ли Леброн Џејмс да постапи вака откако го освои олимпиското злато за САД во Париз, прашуваат многу фанови на кошаркарот. LeBron James snaps at a kid waiting to take a picture with him. A total POS. pic.twitter.com/2Pqao12l6r — End Wokeness (@EndWokeness) August 11, 2024 Лесно е да се „скокне“ на Џејмс и да се осуди дека не сака да …

Continue Reading

Нико Гонзалес доаѓа во Јувентус

Нико Гонзалес би можел да биде уште еден играч на Фиорентина кој ќе заврши во Јувентус. Според медиумите од Апенините, клубовите се договориле Јувентус да плати 30.000.000 евра за Аргентинецот. Гнзалес договорил плата од 3.500.000 по сезона. За да биде реализиран трансферот, Фиорентина треба да се договори со Џенова за Алберт Гудмундсон. Во Италија веќе се шпекулира дека од Торино …

Continue Reading

Стојаноски: Филипче да каже дали 3.5 милиони евра од тендерите на Марковски компани преку фирмите блиски до Заеви ќе завршат во СДС

6 милиони евра во неколку тендери поделило раководството на РЕК Битола и ЕСМ од СДС за 10 дена на Марковски компани, тврди Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите тендери кои ги добиле Марковски компани се за ремонтни работи, т.е. ангажман на специјализирана работна рака. Како што веќе објавивме, цените за час работа се за 150% поскапи од лани. Договорите се …

Continue Reading

СДСМ: Предложениот ребаланс на буџетот е катастрофално лош, на штета на работниците и економијата

Предложениот ребаланс на Буџетот е катастрофално лош, велат од СДСМ. „Со ребаланстот нема пари за раст на платите во ниту еден сектор. Нема пари за покачување на минималната плата, за работниците, нема пари ниту за пожарникарите, војниците, полицајците, образованието. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја суспендираат политиката на постојано покачување на платите која функционираше со години наназад. Наместо политики за подобрување на …

Continue Reading

(Видео) Надзорните камери снимија огромна експлозија на товарен брод во Кина

Во петокот, контејнер со опасни материи на товарен брод експлодираше во кинеското пристаниште Нингбо. Надзорните камери снимија огромна експлозија која го потресе едно од најфреквентните пристаништа во Кина, пишува Си-ен-би-си. Кинеските државни медиуми јавуваат дека ударните бранови биле почувствувани на километар од пристаништето Нингбо. Засега нема информации за жртви или повредени. Инцидентот се случил на бродот YM Mobility, сопственост на …

Continue Reading

Почувствуван земјотрес во Пехчево и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 04 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4. Според досегашните податоци …

Continue Reading

Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот, градиме градинки, училишта, инвестираме во болници

„Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251 денари, споредено со истиот период лани“, …

Continue Reading