Италијанските ватерполисти направија невиден скандал

Италијанците и Шпанците играа за пласман од петтото до осмото место на ватерполо турнирот на Олимписките игри, а мечот ќе остане запаметен по скандалот што се случи. Шпанците победија со 11:9, а Италијанците уште пред почетокот на натпреварот направија гест кој беше наречен вистински скандал во светот на ватерполото. Прво во знак на протест го свртеа грбот при интонирањето на …

Continue Reading

Да се заштитат населбите од пожарот што се спушта кон езерото Козјак, Ангелов со унгарските пожарникари ги разгледа мерките

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево имаше работна средба со претставниците на специјалната противпожарна единица од Унгарија поради состојбата со пожарот кај Козјак. Како што информираа од ЦУК, на состанокот станало збор за мерките кои се преземаат за да се заштитат населбите покрај езерото од пожарот којшто по одбраната и поминувањето покрај селото Брезница се …

Continue Reading

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај малите преживари

Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата со болеста Чума кај малите преживари (Peste des Pestitis Ruminants) која е потврдена во регионов. Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија и заштита од внесување на вирусот на болеста на сила се решенијата за …

Continue Reading

Де Хеа се договори со Фиорентина

Шпанскиот голман Давид Де Хеа потпиша едногодишен договор со Фиорентина, соопштија од клубот од стадионот „Артемио Франки“. Де Геа беше без клуб откако се раздели со Манчестер Јунајтед по истекот на договорот во летото 2023 година. Помина 12 години на „Олд Трафорд“, а претходно играше за Атлетико Мадрид. Во дресот на Манчестер Јунајтед настапи на 545 натпревари, а на 190 …

Continue Reading

Економската соработка и политичкиот дијалог во фокус на средбата на Муцунски со грчката амбасадорка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду. На средбата соговорниците го потврдија заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации. Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од …

Continue Reading

„Вреди“ предлага уставен амандман наместо меѓународен ветинг: „ДУИ сака да фрли прашина во очите на јавноста“

Уставен амандман, а не меѓународен ветинг, предлага коалицијата „Вреди“ и ги повика пратениците од ДУИ ако навистина сака да се сите случаи на политичка корупција да се изјасни дали нивните пратеници ќе се потпишат на иницијативата. Портпаролот на Коалицијата, Фари Хисени, смета дека опозициската ДУИ сака да фрла прашина во очите на јавноста со предлози за меѓународен ветинг на сите …

Continue Reading

Брачна двојка од Македонија и нивните деца со автомобил излетаa од патот во Грција, пренесени се во болница

Четиричлено семејство од Македонија е повредено и пренесено во болница кога автомобилот со кој патувало излетал од патот. Според грчката полиција, возилото утрово влегло во Грција од граничниот премин Евзони и се превртело на патот кон Солун. Противпожарната единица го извлекла 50-годишниот маж, кој заедно со остатокот од семејството, 48-годишна жена и нивните деца на возраст од 11 и 15 …

Continue Reading

Трипуновски: Исплатени се над 180 милиони денари кон 5.047 корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Денеска преку министерството за финансии се исплатени над 180 милиони денари кон 5.047 земјоделци, корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава. Министерот додаде дека исплатата се однесува за месеците мај, јуни и јули 2023-тата година, и е само мал дел од она што …

Continue Reading

Олмо се збугуваше со Лајпциг, следна станица Барселона

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се прости од својот клуб Лајпциг пред претстојниот трансфер во Барселона. Олмо ги воодушеви фудбалските фанови на последното Европско првенство во Германија. Играчот од средниот ред одигра клучна улога откако доби шанса во нокаут фазата на местото на повредениот иден соиграч Педри и со својата игра, создавање шанси и постигнување голови имаше големо влијание врз походот …

Continue Reading