Според Маск неизбежна е војна во Велика Британија; Владата ќе ги казнува и оние кои онлајн поттикнуваат насилство

Секој кој поттикнува насилство на интернет ќе се соочи со целосната сила на законот, предупреди портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер откако Илон Маск рече дека граѓанската војна е неизбежна по немирите во Обединетото Кралство. Маск, милијардерот и сопственик на „Икс“, го напиша овој коментар на својата социјална мрежа под видеото на кое демонстранти фрлаат огномет кон полицијата. Wtf is …

Continue Reading

СДСМ: Одговорноста е кај Гаши кој го испратил обезбедувањето на аеродромот за да се заканува

Откако не успеаја да го скријат скандалот со пиштолџијата на Гаши во страв дека ќе се дознае целата работа, МВР го потврди она за коа со денови предупредувавме, реагира СДСМ преку соопштение. „Но ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да удри само по самарот, а да молчи пред нарачателот. За целата оваа состојба има одговорност и коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши кој …

Continue Reading

ВМРО-Народна: Коридорот 8 е од геостратешка важност – економски не’ поврзува со Бугарија, Албанија, Турција, Блискиот Исток и целиот постсоветски простор

ВМРО-Народна партија соопшти дека Коридорот 8, односно поврзувањето на Северна Македонија железнички и комплетно инфраструктурно на правецот Албанија – Бугарија е стратешко определување на независна Македонија од самиот почеток на демократизацијата и нејзиното создавање. Главен политички носител на тој Коридор била токму партијата ВМРО-ДПМНЕ со својот потпис во 2002 година. „Завршувањето на Коридорот 8 ќе значи комплетирање на вистинската тежина …

Continue Reading

(Видео) Бајлс остана без медал, злато за Италијанката Дамато

Италијанската гимнастичарка Алис Дамато го освои златниот медал на греда на Олимписките игри во Париз. Во силна конкуренција, Дамато ја искористи несигурноста на противничките и победи со 14.366 поени. Тоа е нејзин втор медал во Париз, по среброто во екипна конкуренција. Сребрениот медал го освои Јацин Жу од Кина со 14.100, а бронзата Италијанката Манила Еспосито со 14.000 поени. Фаворит …

Continue Reading

Иран: Имаме законско право да го казниме Израел

Иран објави дека има законски право да го казни својот заколнат непријател Израел за атентатот што му го припишува во Техеран на палестинскиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије. „Ние веруваме дека нашето право да ја браниме сопствената национална безбедност, суверенитет и територијален интегритет е неспорно“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани. Иран, палестинското исламистичко движење Хамас …

Continue Reading

Ван Гал одбил понуда од германскиот великан Баерн

Познатиот холандски тренер, Луј ван Гал, не работи веќе две години. Последниот меч како тренер го одработи на клупата на Холандија, кога на светското првенство во Катар доживеа елиминација на пенали од Аргентина, во четвртфиналето. Холандскиот стручњак има 72 години и го победи ракот на простата и според интервјуто кое го даде за ESPN, се чини дека повеќе не размислува …

Continue Reading

Обезбедувачот на Гаши репетирал пиштол, турнал полицаец, викал и се заканувал по живот – поднесена е кривична пријава

Полицијата до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С. С., началник на одделението за лично обезбедување на претседателот на Собранието поради загрозување на сигурноста. „Пријавениот С.С. на 1 август, околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото …

Continue Reading

Вајда: Нолито, мисијата е завршена

Марјан Вајда, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ се огласи по триумфот на српскиот тенисер на Олимписките игри. Словачкиот стручњак беше со Новак во поголемиот дел од кариерата и со него постигнуваше врвни резултати. На Инстаграм се огласи Вајда, кој пред неколку години ја прекина соработката со Новак откако работеше со него во два наврати. „Нолито, мисијата е завршена! По толку …

Continue Reading

Курти: Државниците во Северна Македонија изразија жалење и наскоро ќе има извештај за инцидентот на аеродромот

Косовскиот премиер, Аљбин Курти, вели дека претседателката Вјоса Османи доживеала непријатно искуство на скопскиот аеродром, особено оти била со семејството. „Државниците на Северна Македонија изразија жалење за случајот. Ќе почекаме на официјалниот извештај и истрагата за да разбереме што точно се случило и да не ни се повторат никогаш вакви ситуации“, рече Курти. При посетата во Скопје, одговарајќи на прашањата …

Continue Reading