Мисајловски се заблагодари на Унгарија за поддршката за НАТО, пандемијата, поплавите и членството во ЕУ

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн и со одбранбеното аташе, потполковникот Ласло Надаш. „Благодарност до Унгарија која беше наш голем поддржувач за членството во НАТО, која ни помогна кога се соочивме со пандемијата Ковид-19, мигрантската криза, поплавите и држава која ни дава поддршка за почеток на преговорите за членство со Европската Унија“, …

Continue Reading

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга “Итно Копче”

Општина Кисела Вода и Црвениот Крст денес распишаа повик на кој треба да се пријават заинтересираните за користење на услугата “Итно Копче”. Се работи за аларм уред поставен на нараквица, кој на постарите и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или да им биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом. Критериумите …

Continue Reading

Митева: Ограбена држава, „Лотарија“ на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека „Лотарија“ им доделила лиценци за игри на среќа. Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и …

Continue Reading

Со новите победи, ШК Алкалоид уште поблиску до одбраната на титулите

Машкиот и женскиот тим на ШК Алкалоид остварија уште по две нови победи на Екипните првенства на Македонија кои се одржуваат во Струмица.   Викендов, машкиот тим имаше уверливи победи против ШК Куманово и ШК Прилеп, два клуба кои имаат долга традиција како прволигаши и секогаш се незгодни противници кои атакуваат на некое од првите три места во елитната дивизија. …

Continue Reading

Одби да се бори против Израелец – Алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Репрезентативецот на Алжир во џудо, Дрис Месауд е исфрлен од Олимписките игри. Месауд (22) одби да влезе во арената против израелскиот ривал Тохар Бутбул, што резултираше со автоматска дисквалификација. Двајцата требаше да се натпреваруваат во утринските часови на третиот ден, но тоа не се случи. Причината секако е војната меѓу Израел и Палестина, против која Месауд како докажан голем муслимански …

Continue Reading

Кривичната за Бектеши е политички лов на вештерки, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција реагира по кривичната пријава што МВР ја поднесе против ексминистерот за економија, Крешниик Бектеши. Од тука велат дека го осудуваат политички мотивираниот лов на вештерки кој е насочен кон Бектеши, но и кон нивната партија. „Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација …

Continue Reading

СДСМ: Ние сме против отворање на албанска академија на науките и уметностите

МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo, велат од СДСМ. „Но, она што треба јавноста да го знае е …

Continue Reading

МВР поднесе кривична против Крешник Бектеши за вршење притисок врз полициски началник за време на изборите

Против ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, поднесена е кривична пријава поради  за кривично дело „попречување на правдата“. Во полицискиот билтен за овој случај се наведува дека на 7 мај, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело …

Continue Reading

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска, полицијата започна потрага

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица. Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафени очи, …

Continue Reading