Гаши бара од институциите да откријат кој им се заканува на пратениците на ДУИ

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информира дека пратениците на ДУИ добиле електронски пораки со закани од непознат испраќач и апелира надлежните институции да го истражат инцидентот. Вознемирен од овие пораки, како што информира собраниската прес-служба, претседателот Гаши веќе се обратил до колегите од ДУИ и до надлежните институции да го истражат инцидентот. „Претседателот на Собранието најостро осудува секаков облик …

Continue Reading

(Видео) Хрватска го доби трилерот против Јапонија, од 17:23 до победа 30:29

Ракометната репрезентација на Хрватска со многу мака успеаја да забележат победа над Јапонија 30:29 (8:13), во натпреварот од првото коло на олимпискиот турнир. Херој на „коцкестите“, кои се врати по негативата од шест гола, беше Иван Мартиновиќ кој го постигна голот за победа во последната секунда. Хрватска веројатно ја потцени Јапонија, репрезентација која до пред неколку месеци ја предводеше актуелниот …

Continue Reading

Реал пред 43.000 навивачи го претстави Ендрик

Бразилскиот тинејџер, Ендрик (18), во саботата е промовиран во нов играч на реал Мадрид. Станува збор за исклучително талентиран напаѓач кој постигна договор со Реал во 2022 година, но му се приклучи на клубот откако стана полнолетен. Изминатите две сезони настапуваше за Палмеирас, одигра 82 настапи, со учинок од 21 гол и четири асистенции. Ендирк веќе има десет настапи и …

Continue Reading

ЦУК: Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола

Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола, соопшти ЦУК, согласно информациите до 13:30 часот. Активен е пожарот во Македонски Брод кај село Тажево, крак кон Белица и кон „Јасен“, каде гори борова шума, како и пожарот на планината Серта на територија на Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали и Цршка кон Криволак каде е зафатена ниска вегетација. …

Continue Reading

Владата тврди дека имало предлог, но не е именуван в.д. заменик на затворот во Идризово

Владата денеска соопшти дека не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово и бара СДСМ да не шири дезинформации во јавноста. „Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки тој не е прифатен“, велат од Владата. Додаваат дека лицето кое СДСМ го посочил на прес-конференција нема да стапи …

Continue Reading

Се запали паркирано возило во Дебар

Пожар во паркирано моторно возило е регистриран во Дебар, по што интервенирала противпожарната единица. „Вчера наутро, во 6:24 часот во Одделението за внатрешни работи-Дебар е пријавено дека на улицата Есат Мезелџиу во Дебар настанал пожар во паркирано патничко возило фиат браво сопственост на С.С.(48) од Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Toj додава дека повредени лица …

Continue Reading

Осуден за дрога сега е в.д. директор на затворот во Прилеп, тврди Илиевски

Сегашниот директор на одделението во Велес на КПД Идризово, Ибрахим Ељези 4 години бил во затвор, тврди Методија Илиевски, советник на СДСМ во Советот на општина Битола. Тој вели и дека в.д. директорот на затворот во Прилеп, Емил Јанески, има кривична пријава за оштета на буџетот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп Осудениот криминалец Ибрахим Ељези, кој лежел 4 …

Continue Reading

Три лица завршија во станица, се расправале со полицијата

Тројца кавадарчани биле задржани во полиција рано изутринава, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца ги  спречувале полицајците во преземање на службени дејства, информира денеска СВР Велес. „Во 01.45 часот на улица Киро Крстев во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчаните А.Д.(44) и И.Т.(25) , затоа што при приведување на  сограѓанинот К.Н.(41), кој …

Continue Reading

Духовен Викенд Маглај: Каде што културата поврзувa

Амбасадори на културата од Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, заедно со началникот на општината, претставници од Европската комисија и младите европски амбасадорите се собраа во Маглај за да го отворат филмскиот фестивал ДУховен ВИкенд Маглај (Maglaj Spirit Weekend), демонстрирајќи како културата ги поврзува луѓето и уметниците во Западен Балкан. Во оваа прилика се заврши кампањата ‘Културата Поврзува’, …

Continue Reading