Заврши сезоната за Хуркач

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач објасни зошто нема да настапи на Олимписките игри во Париз. Хуркач во моментов е седмиот тенисер во светот, што е негов најдобар пласман во кариерата, а поради повреда на коленото се повлече од Олимписките игри во Париз. Популарниот „Хуби“ вели дека лекарите го советувале да не игра тенис до Австралија во 2025 година. „Се борев да …

Continue Reading

Мицкоски: Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд

Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд, истакна премиерот Христијан Мицкоски кој учествуваше на одбележувањето на 102- годишнината од основањето на Стопанската комора, каде одговаше на новинарско прашање за најавите за вработување на 600 млади специјализанти. „Министерот за здравство, господинот Таравари направи еден преглед на расположливи специјализанти условно кажано, млади лекари коишто практично …

Continue Reading

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата кои застареа, а граѓаните плаќаат милиони оштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше истакнато откако претходно денес, лидерот на Социјалдемократите, Венко Филипче, побара од Владата да донесе нов кривичен законик и призна дека згрешиле кога со претходниот владин состав донесоа законик што значително ги скрати казните за злоупотреба на службената положба и придонесе …

Continue Reading

Фенербахче го потпиша Ен-Несири

Мароканскиот репрезентативец Јусеф Ен-Несири (27) денеска и официјално стана член на Фенербахче. Со турскиот великан потпиша договор до летото 2029 година. Одличниот напаѓач беше голема желба на Жозе Мурињо, а раководството на Фенербахче успеа да го ангажира за 20 милиони евра, колку што Севилја му плати на Леганес јануари во 2020 година, кога мароканецот пристигна „Рамон Санчез Писхуан“. И покрај …

Continue Reading

Министерот Дурмиши во Приштина: Заинтересирани сме да ја зголемиме соработката со Косово на секое поле

  Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари работна средба со министерката за економија Артане Ризваноли. За време на официјалната посета и средба беа разменети мислења за важни прашања поврзани со продлабочувањето на трговската соработка меѓу двете земји, идните проекти за регионално поврзување. Министерот Дурмиши за време на средбата …

Continue Reading

Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи

Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека за одржување на безбедноста и стабилноста на земјата, Исени ќе работи со целосна одговорност и посветеност. „Ми претставува чест и привилегија да ја извршувам функцијата заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што …

Continue Reading

„Нема повеќе багатела храна на државна сметка“ – за 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски. Тој рече дека нема повеќе “багатела” јадење на државна сметка, со оглед на тоа што цените во собранискиот и владиниот ресторан беа значително поевтини од оние кои им се достапни на граѓаните. „Излегувајќи во пресрет на овие …

Continue Reading

Швајцарската манекенка која со години работела во Тајланд убиена од нејзиниот сопруг

Швајцарската манекенка која со години работела во Тајланд била убиена од нејзиниот сопруг минатиот четврток, објавија денеска тајландските медиуми. Сопругот на манекенката ја донел во болница тврдејќи дека се обидела да се самоубие. Тој е уапсен, а по анализата на наводното место на злосторството и снимките од надзорните камери, полицијата верува дека мажот се обидел да го сокрие делото, пишува …

Continue Reading

Аврамовиќ кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА

Алекса Аврамовиќ го напушти Партизан, кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА од Москва. Она што беше најавено сега доби официјална потврда. Алекса Аврамовиќ повеќе не е кошаркар на Партизан, што го потврди со објава на својот профил на Инстаграм, а веднаш потоа беше претставен во нов клуб, ЦСКА од Москва. Аврамовиќ (29 години, 193 см) со ЦСКА договори две годишна …

Continue Reading