Јапонија испрати протест до Русија поради санкционирањето на 13 јапонски бизнисмени

Јапонија денеска упати протест до Русија, бидејќи воведе санкции и го ограничи влезот на 13 јапонски бизнисмени, меѓу кои и претседателот на компанијата „Тојота мотор“. „Одлуката што ја објави Русија ќе ги ограничи легитимните јапонски корпоративни активности и тоа е целосно неприфатливо“, изјави јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши на прес-конференција во Токио, пренесе Ројтерс. Руското Министерство за надворешни …

Continue Reading

Најголемиот пораз на Партизан во последните 40 години – Динамо Киев ги понижи црно-белите

Фудбалерите на Партизан претрпеа вистински дебакл, во првиот натпревар во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Во Лублин, Полска, Партизан загуби од Динамо Киев со 6:2. Поразот во Лублин е еден од најубедливите порази на Партизан во клупската историја. Последен пат црно-белите, во европските купови, примиле шест гола пред точно 40 години, кога загубија од Квинс Парк …

Continue Reading

Две бебиња испаднале од количка во Белград, пренесени во Ургентен центар

Две бебиња синоќа биле пренесени во Ургентниот центар поради пад додека се возеле во количка, соопшти белградската Итна помош. Како што јави РТС, бебињата се на два и три месеци. Во едниот случај таткото се сопнал, а во другиот падот дошол поради скалите на патот.

Continue Reading

110 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 110 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење. „Сообраќајните …

Continue Reading

Без струја делови од Долно Лисиче и Кучково

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Ѓорче Петров. Како што соопшти РЦУК – Скопје, без електрична енергија од 06.00 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08.30 до 15.00 часот објекти во околината на старото училиште во село Кучково, општина Ѓорче Петров. 

Continue Reading

Променливо облачно време, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. …

Continue Reading