Хрват најден мртов во хотел во Скопје
Државјанин на Хрватска бил пронајден мртов во хотелската соба во Гази Баба. „На 21 јули во 06.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат Е.Ш.(57) од Хрватска, кој бил гостин во хотелот“, објави МВР во дневниот билтен. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на …
Continue Reading
Прилепчанец нападнат во својот дом од повеќе лиџа, демолирани и автомобилите во дворот
Педесетгодишниот Ј.М. од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на улицата Тризла и еден час подоцна пред неговиот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети. Исто така, неговиот син пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор …
Continue Reading
Таравари нема да се слика со акцелераторот во „8 Септември“ пред да се пушти во употреба, како што правеа Филипче и Сали
Најмалку шест месеци ќе требаат за да биде ставен во употреба акцелераторот во ГОБ „8 Септември“ за зрачна терапија на онколошките пациенти. Министерот за здравство Арбен Таравари, денес, по посетата на болницата рече дека ќе им требаат најмалку три месеци за да ги направат сите потребни контроли и да утврдат што недостасува и каде треба да се инвестира. За тоа …
Continue Reading
Фатен затвореник кој побегнал од Идризово, бил осуден поради педофилија и тешка кражба
Полицијата фати затвореник кој бил баран со потерница поради бегство од Идризово. Се работи за затвореник со иницијали Ј.С. (34) кој бил осуден на 12 години и 10 месеци затвор во врска со обљуба врз малолетно лице, тешка кражба и соучешништво, објави МВР. Лицето ќe биде спроведенo во надлежната казнено-поправна установа.
Continue Reading
Револуција во кошарката, воведен шут за четири поени
На Филипините ќе се случи револуција во кошарката, бидејќи ќе биде воведен шутот за четири поени. Новото правило ќе стапи на сила многу брзо, односно ќе биде официјално тестирано за време на Купот на гувернерот во средината на август. Ударот за четири поени на Филипините имаше примена за време на Ол-стар натпреварот на домашното првенство. Кој сака да и донесе …
Continue Reading
Николовски-Јанев: Со заеднички акции и силна координација во борба против организираниот криминал и корупција
Директорот на Царинската управа Бобан Николовски оствари работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Двете страни на средбата ја потенцираа својата посветеност во заедничката борба против организираниот криминал и корупцијата, како и безбедноста на граничните премини кои ќе бидат главните постулати на соработката помеѓу Царинската управа и македонската полиција. На средбата беше договорено во периодот кој …
Continue Reading
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ги понижува работниците, нема покачување на плати во ниеден сектор
По детална анализата на буџетот, може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите во ниеден сектор. Нема да ги почитува обврските од општиот колкетивен договор, нема да има повисоки плати за просветните работници, за здравствените работници, Полицијата, Армијата, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. -Не е предвидено ни барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 …
Continue Reading
Романија остана без селектор
Едвард Јорданеску (46) реши да ја напушти селекторската функција на романската фудбалска репрезентација. Јорданеску имаше договор со Романскиот фудбалски сојуз до крајот на јули, но реши да не го продолжи. „Мојата мисија е завршена“, рече Јорданеску и додаде дека сака да поминува повеќе време со семејството. Да потсетиме, Романија неодамна го отвори Европското првенство со убедлива победа над Украина (3:0), …
Continue Reading
Најголема плата во Владата зема Мицкоски – 2.280 евра, а најмалата министерска плата е 1.880 евра, објавени платите на премиерот и министрите
Владата ги објави платите на претседателот на Владата и министрите. Највисока нето плата зема претседателот на Владата Христијан Мицкоски, односно 140.450 денари, односно 2.280 евра. Сите останати министри земаат плата во износ од 115.540 денари или 1.880 евра. Исклучок е само министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој зема дополнителни 24.865 денари, односно вкупно 140.405 денари.
Continue Reading