Приведено лице од велешко поради предизвикување пожар, палел седишта од автомобил на депонија

Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец, велешките полицајци на лице место го затекнале С.Ц. од Горно Оризари. На депонијата тој палел две седишта од автомобил, а во непосредна близина предизвикал пожар, се запалила сува трева. Полицијата …

Continue Reading

Николоски договара нови нискобуџетни летови од следната година: Ќе разговараме со неколку светски компании

Иако е неработен ден, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека работел и договорил формирање работа група која ќе ги испита можностите за нови евтини летови од скопскиот и од охридскиот аеродром. И тој и Владата се подготвени да дадат субвенции на новите компании со цел да дојдат повеќе туристи во земјава и македонските граѓани да имаат …

Continue Reading

Левица: Отпуштени неколку директори на „Кромберг и Шуберт“, ги проневериле парите за бонуси на работниците

Неколку дена во фабриката ,,Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми, јави денес партијата Левица. Криминалниот ланец, како што нагласуваат од Левица, помеѓу управата во најпрофитабилниот германски гигант во Македонија, долго време функционирал беспрекорно. „Моментално се отпуштени неколку лица од директориумот и се под строг финансиски претрес поради проневера на финансиски средства, кои …

Continue Reading

Во болница возачот на автобусот на ЈСП што вчера се запали кај Железничка станица, вдишал чад

Возачот на автобусот што вчера се запали во Транспортниот центар Скопје, кај Железничката станица вдишал чад и бил бил пренесен в болница. „Во Транспортниот центар – Скопје настанал пожар во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈСП Скопје. Во пожарот возачот А.С.(58) од Скопје вдишал чад, по што бил пренесен на Клиниката за токсикологија во Комплексот клиники ’Мајка Тереза’. …

Continue Reading

38-годишен скопјанец пронајден мртов во мотел во Чаир

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје синоќа во 21.40 часот добил пријава дека во мотел на подрачјето на Чаир бил пронајден починат 38-годишниот Б.А. од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид направила увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Де Брујне пред трансфер во Саудиска Арабија

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруине, постигна договор со Саудиска Ал-Итихад во врска со трансферот, пренесува „Дејли мејл“, а го пренесуваат речиси сите британски медиуми. Белгиецот е играч на „Граѓаните“ од 2015 година, кога дојде од Волфсбург , и беше клучна играч во тимот на Пеп. Сепак, 33-годишниот Де Брујне на почетокот на месецот навести преселба …

Continue Reading

Направил сообраќајка во Кочани и избегал, еден и пол час подоцна полицијата го уапсила во Виница

Виничката полиција синоќа уапси 48-годишен жител на виничкото село Градец, кој направил сообраќајна незгода во Кочани и избегал. Полицијата од Кочани веднаш распишала потерница, на која одговориле полицајците од Виница. „Вчера во 21.35 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.С.(48) од с.Градец, виничко. Тој бил баран по централен распис од Полициската станица Кочани …

Continue Reading

Кривични против двајца тетовци, полицијата на почеток на месецов во автомобил им најде марихуана

Скопската полиција поднесе кривични пријави против двајца тетовци фатени со марихуана во автомобилот на почетокот на месецов. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Е.(28) и А.А.(29), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори’. На 04.07.2024 од полициски службеници било запрено патничко возило, …

Continue Reading

Контроверзна трка во Унгарија – Деби победа за Оскар Пјастри

Оскар Пјастри победи на трката за Големата награда на Унгарија. Младиот Австралиец во унгарската престолнина ја забележа првата победа во кариерата. Пјастри победи пред тимскиот колега Ландо Норис и Луис Хамилтон од Мерцедес. Трката во Унгарија ќе се памети по „еден-два“ победата на Мекларен и наредбата од боксот која ја доби Норис да му ја отстапи позицијата на Пјастри. Дури …

Continue Reading