Трипуновски: Исплатени се субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денес се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година. – Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 …
Continue Reading
Изјава на ТАВ Македонија во врска со глобалниот ИТ прекин
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ја известува јавноста дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови. Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на …
Continue Reading
Муцунски му се заблагодари на турскиот министер за надворешни работи за укажаната помош за справувањето со пожарите во земјава
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан. Во разговорот министерот Муцунски се заблагодари за укажаната помош за справување со пожарите во земјава, што претставува дополнителна потврда за солидарноста и долгогодишното пријателство меѓу двете земји. Воедно, двете страни ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете, како …
Continue Reading
Перински се сретна со амбасадорката Вероник Улман: Владата на Швајцарија е голем поддржувач на локалниот и на регионалниот развој
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, разговараше за досегашната соработка во областа на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој, како и за приоритетите на Министерството за локална самоуправа во наредниот период. На средбата беше истакнато дека поддршката на швајцарската Влада во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој се реализира …
Continue Reading
Во прекин сообраќајот на патот Велес-село Извор, кај местото викано „Пашин мост“
Денеска од 15.25 часот на регионалниот пат Велес-село Извор, кај местото викано „Пашин мост“, поради пожар на сува трева на двете страни на патот, сообраќајот е во целосен прекин, извести АМСМ.
Continue Reading
МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите
Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните. Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во …
Continue Reading
Канте се враќа во Премиер лигата
Францускиот фудбалер Н’Голо Канте би можел да се врати во Премиер лигата, поточно во Вест Хем. Медиумите на Островот пренесуваат дека „Чеканите“ и Ал-Итихад, во кои Канте се пресели во 2023 година, веќе ги започнале преговорите и постои заедничка желба за договор. Вест Хем за 33-годишниот Французин би требало да потроши околу 25 милиони евра. Канте се појави како опција …
Continue Reading
Научниците открија можна причина за ширењето на птичјиот грип меѓу луѓето
Екстремната топлина може да биде клучен фактор зад најголемата човечка појава на птичји грип во САД, бидејќи официјалните лица продолжуваат да го следат ширењето на вирусот. Топлотниот бран во Колорадо најверојатно предизвикал дефект на личната заштитна опрема за работниците кои убиваат живина заразена со Х5Н1, високопатогениот птичји грип. Четири лица се позитивни на Х5Н1, а на петтото исто така се …
Continue Reading
Минчев-Агелер: истакната силна воља за реформи во јавната администрација и поздравена поддршката од САД
Амбасадорката на САД во Република Македонија, Ангела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржаа состанок на кој ги истакнаа силните и трајни односи како и нивната заедничка посветеност за промовирање на добро владеење и ефективна департизирана јавна администрација. На средбата стана збор за зајакнување на билатералните односи и истражување на можностите за соработка во јавната администрација и …
Continue Reading