Сончево и многу топло , попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени …
Continue Reading
ЦУК: Има активни 13 пожари
Центарот за управување со кризи информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: – Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) – Општина Студеничани место викано Бегово Поле …
Continue Reading
158 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, 36 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Continue Reading
Земјотрес со јачина од 7,4 степени го погоди северниот дел на Чиле во близина на границата со Аргентина
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт. Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, на длабочина од 117 километри. …
Continue Reading