Миленковиќ во Нотингем Форест
Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ е нов играч на Нотингем Форест, потврди клубот. Српскиот стопер седум години беше член на Фиорентина, Фиренца ја напушти една година пред истекот на актуелниот договор. Миленковиќ претходно го носеше дресот на Партизан, за „Виола“ одигра 264 натпревари, постигна 17 гола и забележа пет асистенции. Нотингем Форес за трансферот издвои 12 милиони фунти. Миленковиќ во Нотингем …
Continue Reading
Саранда Имери: ВЛЕН со ребалансот на буџетот обезбедува 30 милиони евра за албанските општини
„Коалицијата ВЛЕН со ребаланс на буџетот во рамки на определбите на Владата определи финансиска програма од 6 милијарди денари од кои значителен дел ќе бидат инвестирани само во албанските општини. Од овој вкупен износ од 6 милијарди денари, 1/3 или 30 милиони евра ќе биде наменети за општините со мнозинско албанско население до крајот на 2024 година“, рече Саранда Имери, …
Continue Reading
Превентивни кампањи за заштита од пожари за туристите кои патуваат преку Галичица
Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Св.Наум“ и претставници на Јавната установа „Национален парк Галичица“, деновиве спроведуваат превентивно-едукативна кампања. Имено, тимови од полициски службеници и претставници на Националниот парк, кај кракот што од регионалниот пат Охрид – Св.Наум води кон туристичката населба Отешево, на …
Continue Reading
Министерката за надворешни работи на Јапонија: Србија ги држи клучевите за стабилноста на Западен Балкан
Министерката за надворешни работи на Јапонија, Јоко Камикава, рече дека земјата ја поддржува европската интеграција на земјите од Западен Балкан и дека развојот на Србија, која ги држи клучевите за стабилноста на Западен Балкан, е апсолутно неопходен за овој регион да зачекори по патот на стабилноста. Таа во авторски текст за Политика вели дека е во посета на Белград како …
Continue Reading
Концерт на Национален џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид
На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов. …
Continue Reading
(Видео) Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис
„ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза“. Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера. „Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни …
Continue Reading
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка
Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на образованието и науката, заради подигнување на квалитетот и атрактивноста на сметководствената професија. Создавањето на нов високостручен кадар и натамошно унапредување …
Continue Reading
(Видео) Навивачите на Барселона воодушевени од презентацијата и изгледот на новиот дрес
Барселона со уникатно видео го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2024/25. Фановите во коментарите се воодушевени од изгледот на дресот и од начино на кој е направена презентацијата. „Инспириран од наследството, траекторијата и корените на клубот“, стои во описот на видеото кое каталонскиот гигант го објави на социјалните мрежи. Новиот дрес го произведе американскиот бренд Најк и тој неодоливо …
Continue Reading
Израел го отфрли формирањето на палестинска држава: „Тоа е егзистенцијална закана“
Парламентот на Израел денеска гласаше за мерка со која се бара отфрлање на палестинската државност. „Воспоставувањето на палестинска држава во срцето на израелската земја ќе претставува егзистенцијална закана за државата Израел и нејзините граѓани, ќе го продолжи израелско-палестинскиот конфликт и ќе го дестабилизира регионот“, се вели во резолуцијата. Од вкупно 120 пратеници на Кнесетот, за него гласаа 68 пратеници, а …
Continue Reading