Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2025 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. Кој може да учествува?  Право за учество на …

Continue Reading

80-годишник вo полиција се претставувал како градоначалник за да пријави настан

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80-годишник од Кавадарци,  информираа од СВР Велес. Вчера во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена …

Continue Reading

Израелската војска тврди дека убила борци на Хамас во смртоносен напад врз училиште на ОН

Израелската војска соопшти дека ги убила борците на Хамас, кои наводно биле собрани во училиштето Рази, управувано од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. ИДФ тврди дека борците на Хамас го користеле училиштето за планирање и извршување напади врз израелските војници кои …

Continue Reading

Давид Бабунски во Данди јунајтед

Давид Бабунски го официјализира трансферот во Данди јунајтед. Претходно договор со шкотскиот клуб потпиша и Кристијан Трпаноски. Бабунски потпиша договор на една година со Данди јунајтед, со опција истиот да биде продолжен на уште една година. Претставувајќи го Бабунски, клубот потенцира дека кариерата ја започнал во младинската школа на Барселона со Грималдо, Деулофеу, Адама Траоре… Последен клуб на Давид Бабунски …

Continue Reading

Нови детали за пронаоѓањето на бизнисменот Чедо Радомировиќ: до возилото имало пиштол и чаура

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ, вчера, со повреди на главата од оружје беше пронајден покрај автомобилот во Орман, со пиштол и патрон покрај неговото тело. „Вчера во 18.50 часот во с.Орман, скопско, до патничко возило „лексус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Скопје, полициски службеници од СВР Скопје со повреда на главата од огнено оружје го пронашле Р.Ч.(67) од …

Continue Reading

25-годишник донесен починат во болница во Крива Паланка, паднал од оџак

Вчера во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка. Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што …

Continue Reading

Левица: Градоначалникот на Тетово, Касами, од коалициското трио ВЛЕН – ДПМНЕ – ЗНАМ промовира албано – косовско културно лето

„Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ. Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши“, велат од партијата Левица. „Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик. …

Continue Reading

(Видео) Голот на Јамал ​​е најубав на ЕУРО 2024

Голот на шпанскиот фудбалер Ламин Jамал во полуфиналето против Франција е избран за најубав на Европското првенство, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). По голот на шпанскиот тинејџер следат головите на Англичанецот Џуд Белингем против Словачка, Швајцарецот Џердан Шаќири против Шкотска, Романецот Николае Станчиу против Украина и Турчинот Арда Ѓулер против Грузија. Топ 10-те гола на ЕП ги комплетираат Турчинот Мерт …

Continue Reading

Шефот на ЦИА: Командантите на Хамас вршат притисок врз нивниот лидер да стави крај на војната во Газа

ЦИА верува дека лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, е под зголемен притисок од сопствените воени команданти да прифати договор за прекин на огнот и да стави крај на војната со Израел, изјави директорот на ЦИА, Бил Барнс, според извори на Си-ен-ен. Синвар, еден од „нарачателите“ на масакрот на 7 октомври во Израел, се соочува со притисок да биде …

Continue Reading