Колумна на Бранко Азески: Владеење на правото, недвосмислена стратегија за зголемување на извозот, дизајнирање образовен модел според потребите на бизнисот

Комората со години наназад се обидува да биде озбилен партнер на јавниот сектор  но очигледно е, барем досега, дека јавниот сектор не го прифаќа тоа партнерство озбилно. На 25 јули, оваа година, тоа може да се промени. Како? Многу едноставно. Новиот Премиер, професорот д-р Христијан Мицкоски, треба да верува во тоа партнерство, да вложува во него и за возврат да …

Continue Reading

Пожарот над Радовиш навлезе во борова шума, а во близина има и викенд населба; „Се претвора во голем шумски пожар“, рече Ангелов

Пожарот што изби над Радовиш се претвора во голем шумски пожар, бидејќи огнот веќе навлезе во борова шума, информираше попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Локалните пожарникари се обидуват да ја пресечат линијата на огнот и ќе побараат помош од струмичките колеги. Ангелов вели дека од искуството со борова шума, тоа се исклучително тешки пожари за гасење. Пожарот се наоѓа …

Continue Reading

Поради пожарот затворен во двата правци патот Неготино-Штип кај Пепелиште

Од 16:15 часот на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај сeлото Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, поради безбедност на учесниците во сообраќајот, соопшти АМСМ. Од тука велат дека причина е активниот пожар.

Continue Reading

Мората се сели во Милан

Алваро Мората брзо си најде нов клуб по завршувањето на Европското првенство. Шпанскиот напаѓач ќе стане нов играч на Милан. Мората со капитенската лента ја предводеше Шпанија до европската титула, постигна еден гол на ЕУРО 2024. Минатата сезона дресот на Атлетико Мадрид постигна 15 гола во Примера. Милан се реши за Мората и ја искористи неподготвеноста на Атлетико да го …

Continue Reading

Зеленски: Подготвен сум да соработувам со Трамп доколку победи на изборите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да соработува со поранешниот американски претседател Доналд Трамп доколку победи на претстојните претседателски избори во ноември. – Доколку господинот Доналд Трамп стане претседател, ќе соработуваме. Не се плашам од тоа – рекол Зеленски, пренесува Интерфакс. Тој оцени дека Републиканската партија е „поинаква“ од Демократската партија, чиј член е американскиот претседател Џо …

Continue Reading

Средба на раководството на ФЗО со Аким Али претставник на СЗО

Двајцата в.д. директори на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имаа средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на канцеларијата. На средбата е остварена можност од запознавање и да се истражи заедничката агенда која е со цел да обезбеди универзална здравствена заштита за населението на Македонија. „СЗО ја препознава фундаменталната важност на улогата …

Continue Reading

Со нож сакал да го нападне брат му: кривична за маж од Прилеп

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(67) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 22.06.2024, пријавениот се заканувал на неговите брат и снаа, по што се обидел со нож да го нападне брат му.

Continue Reading

Битолчанка со нож им се заканувала на нејзините дедо и баба, искршила дел од покуќнината

Девојка од Битола се скарала со нејзините баба и дедо и им се заканувала со нож. Имено, СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.07.2024 во домот, по претходна расправија, пријавената со нож се заканила на нејзините дедо и баба, а оштетила и дел од покуќнината.

Continue Reading

Андоновски-Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Европската Унија, Амбасадорот, Дејвид Гир. Соговорниците се осврнаа на реформите што ѝ претстојат на нашата земја на нејзиниот евроинтегративен пат, со акцент на дигиталната трансформација на процесите. Министерот Андоновски подвлече дека дигитализацијата е висок приоритет на оваа Влада, дека е неизбежна за секое општество и токму …

Continue Reading